Достоевски & Toлстој

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување
Достоевски си е приказна за себе. Браво за таквите описи кој ретко може некој да ги направи. Т.е. не ретко туку никој.
Со неговиот стил на длабоки психолошки описи не е досаден, туку сака што поблиску да ни наслика некој лик, да го почувствуваме и да го осознаеме за околкуи 20 страници исто како да сме се познавале со него 20години. Ми се допаѓа ДВОЈНИК, БЕДНИ ЛУЃЕ и ЗЛОСТОР И КАЗНА али се колнам дека додека сум жива ке прочитам све од него.
А Толстој .. немам многу читано од него освен СМРТТА НА ИВАН ИЛИЧ зашо ни беше лектира и сеа ја читам моментално ВОСКРЕСЕНИЕ и сум фасцинирана. Баш како во ликот на Нехљудов да си мава опис на самиот себеси, како го раздиплува својот карактер на расипништво и блуд, пари коцка и курви. Толстој ми се допаѓа тоа што не го тупи, туку преку мала увертира навлегува во приказната. Секоја чест на мајсторите!
 
Дефинитвно нема споредба, секој од нив двајца е уникатен гениј на свој начин. Ги почитувам и двајцата, тешко е да се одлучам кој ми е подраг. Сепак Толстој со `Детство, момчештво, младост` ми падна в раце уште во основно школо. Знам кога почнав со читање едноставно не можев да ги оставам страниците недочитани. Ги имам прочитано сите негови дела, кои не ме оставиле воопшто рамнодушен. Описот на човечките карактери, услови, искушенија, благонаклонетоста кон човековиот род, сочувството и разбирањето кои прават ликовите да ти станат драги, се е така совршено претставено.
Како писатели и двајцата, се едни од ретките кои успеваат да разбудат аналитички погледи, (себе)преиспитување, разбирање и емпатија спрема луѓето/самите себеси и работите кои ги прават/правиме.. Едноставно се водич за морален кодекс, постанување разумен човек и оплеменување на сечија душа, преку сите човечки стории и описи на карактери во нивните дела.
 
Уникатни се и двајцата на свој начн,.И кај двајцата преовладуваат длабоки и исцрпни описи на ликовите и настаните.Достоевски страдал од епилепсија,можеби тоа е клучниот елемент на неговата длабока и неисцрпна психоанализа на ликовите.Фројд му симнува капа на Достоевски,го нарекува татко на психоанализата.Ликовите во делата на Достоевски се од пониската класа и самиот тој припаѓал на таа класа па токму поради тој факт се толку реални и прифатливи.Од друга страна Толстој живеел и се движел во елитните кругови,потекнувал од благородничко семејство и ја имал титулата гроф.Неговите ликови се одраз на неговиот живот,на неговата класа.Секој е легенда за себе,тешко ми е да се одлучам,но за нијанса повеќе ми се допаѓа Достоевски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom