Хрватска од денеска започна со производство на биодизел гориво, а Малезија соопшти дека го воведува во јавниот транспорт.
Хрватскиот биодизел започна да се произведува во приватен комплекс во Озлуј со капацитет од 30 илјади тони годишно. Првите количества се наменети за извоз во Австрија и Италија, но наскоро треба да почне да се употребува во јавниот транспорт во Загреб.
Биодизелот се прави од отпадно масло за јадење, од масло за јадење од репка, од соја, од сончоглед, од пченка и од палма. Хрватските експерти проценуваат дека е посебно важно што биодизелот може да се произведе и од отпадно масло за јадење при подготовките на храна во хотели, болници, училишта и слично, бидејќи на тој начин ќе се заштитат и реките кои се загадуваат преку канализацијата.
Истовремено, Малезија соопшти дека од денеска го воведува биогоривото во дел од својот патнички транспорт, со намера тоа да го стори целосно.
Биогоривото како замена за дизелот почнаа да го користат јавните автобуси во источниот малезиски крак Саравак.
Малезијците биогоривото го произведуваат од основата на маслото добиено од палми, а воведувањето во јавна употреба е извршено откако како успешен се покажа претходно спроведениот експеримент на властите, во кои учествуваа автомобили и други возила во сопственост на државните структури.
- По извршената анализа на моторите по четири неделна пробна работа на биодизел, не е констатиран ниту еден случај на дефект, а мерењата на содржината на издувните гасови покажуваат значително пониски вредности на штетни материи од класичното гориво, изјави малезискиот министер што беше одговорен за проектот.
Производството и употребата на биогоривото како идно еколошко гориво, е обврска на земјите членки на ЕУ, но и на земјите со статус кандидат, како што се Хрватска и Македонија.
Според европските директиви, до 2005 година земјите членки и кандидатите требаше да воведат во употреба биогорива барем два отсто од вкупната потрошувачка на годишно ниво, а до 2010 тој процент да порасне на 5,75 отсто.
До 2020 во еврозоната биогоривата треба да бидат застапени со најмалку 20 отсто од вкупниот обем на горива.
Некои земји како Австрија на пример, уште од 1994 го воведуваат постепено биодизелот во јавниот превоз. Денес, во Грац сите 140 автобуси на јавниот транспорт се движат со помош на биодизел.:blabla: