Мамел за почитување, не за пари

  • Креатор на темата Креатор на темата Marlboro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Наречен „големиот измамник“, Фердинанд Демара бил инспирација на авторите на филмот „The Great Imposter“од 1982 година. во текот на својата кариера, Демара бил свештеник, хирург, чувар во затвор и друго.

Тој се разликувал од своите „колеги“ според тоа што од своите измами немал некоја голема финансиска корист, туку само привремено почитување и углед.

Во 1941 година го земал името и презимето на својот пријател, отишол во американската војска и зпоачнал нов живот како Ентони Игнолиа. Потоа го исценирал сопственото самоубиство и станал Роберт Линтон Френч, религиозен психолог. Во потрага по него тргнале и војската и морнарицата, поради што одлежал 18 месеци затвор.

Но, тоа не го спречило да продолжи со промените на идентитетот. Меѓу останатото, бил и инжењер, помошник шериф, чувар во затвор, адвокат, бенедиктански свештеник, уредник, истражувач на ракот и учител. Поради едно наставничко место поминал потворно шест месеци во затвор.

Негова најпозната измама било претставување како хирург, Јозеф Кир, во текот на корејската војна. Демара изведувал успешни операции, се додека вистинската мајка на доктор Кир не ја открила измамата и го пријавила.
 
Француски Рокфелер-Ovoj za Pari

Целиот живот на Кристофер Роканкурт, познат како француски припадник на семејството Рокфелер, бил една голема измама.

Роден 1967 година, израснал во дом за незгрижени деца, Кристофер одлучил да направи нешто од својот живот и од домот побегнал во Париз.

Првата измама му донела 1,4 милиони долари, колку што чинел имотот што го продал тврдејќи му на купувачот дека е негов. На патот кон Америка, Роканкурт сменил најмалку 10 идентитети - бил филмски продуцент, првак во бокс, капиталист...

Покрај тоа што се претставувал како Рокфелер, Роканкурт се претставувал како син на Софија Лорен, а бил и „оженет„ со модел на Плејбој и со неа имал син. Лажел и дека некое време живеел со Мики Рурк.

Откако во Канада напишал автобиографија во која ги исмеал своите жртви, во март 2002 година бил испорачан во САД и одведен во Њујорк.

Тој бил прогласен за виновен за три од 11 обвиненија што вклучувале кражби, шверцување, мито.. на судот самиот проценил дека со измами заработил најмалку 40 милиони долари.

Makfax
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom