Откриена наколна населба стара 7000 години

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На просторот помеѓу угостителското училиште и населбата "Охридати", деновиве при копање на темели за зграда, е откриена праисториска неолитска наколна населба стара седум илјади години, на која е пронајдена фрагментирана ќерамика, кремени и орудија[/FONT]

{EECFAA74-92E9-45E1-B942-17F313CD2598}_nakolno-2.jpg

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]При копањето на темели за станбена зграда, на просторот помеѓу Угостителското училиште и населбата "Охридати", деновиве е откриена праисториска неолитска наколна населба стара седум илјади години, која доминира во бронзената доба. На овој редок археолошки локалитет, со непроценливо историско и културно значење, пронајдена е фрагментирана ќерамика, кремени орудија, фрагментирани животински коски, семе од овошки.
Археологот Паско Кузман, кој го истражува овој археолошки локалитет, вели дека целиот простор од кај хотелот "Палас", па се до "Охридатите" лежи на праисториски наколни населби од периодот на неолитот и се до крајот на бронзеното време. "Кога бев повикан да дадам стручна оценка за овој локалитет, од луѓето што ги копаа темелите ми беше речено дека најпрво наишле на слој на глина. Меѓутоа, кога продолжиле да копаат на длабочина поголема од четири метри за да се обезбеди стабилност на зградата, се појавил тресет. Токму тој е културниот хоризонт каде што пронајдовме колја, вредни артефакти. Најпрво помислив дека се работи за некое пристаниште, изградено во мочуришниот дел, но според ќерамиката и другите предмети заклучив дека станува збор за праисториска бронзенодобска наколна населба,која датира уште од крајот на неолитот, од младото камено време", појаснува Кузман.
Нашиот соговорник вели дека врз основа на првичните истражувања може да се заклучи дека оваа праисториска наколна населба егзистирала 5 илјади години пред нашата ера, што значи дека е стара околи 7 илјади години. "Моите претпоставки говорат дека нејзините жители се занимавале со производство на ќерамика, земјоделие, лов и риболов. Има остатоци на животински коски од срни, елени, крави. Допрва ќе истражуваме каков бил организиран животот на луѓето во оваа праисториска наколна населба", вели археологот Паско Кузман.
Откривањето на овој уникатен археолошки локалитет археолозите ги ставил пред дилема како тој да се заштити. "Со оглед на тоа што инвестоторите го имат купено земјиштето за изградба на зградата, а ги поседуваат и сите градежни дозволи,се одлучивме да најдеме прифатливо решение. Од изведувачите, малу подалеку од зградата што се гради, побарав со свои средства да уредат простор шест на шест метри, на кој ќе биде презентиран дел од праисториската неолитска наколна населба. Ако одлучевме да ја стопираме градбата, тогаш требаше да ги збришеме и зградите што на овој простор се веќе изградени, бидејќи сите тие лежат на наколни населби", кажува Паско Кузман.
Д.Чубриќ

Имаме многу охриѓани на форумов па може некој да ни ја потврди оваа информација
[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom