5 минутно исклучување за симулирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.656
Поени од реакции
48.955
5-минутно исклучување за фудбалерите кои ќе глумат дека се повредени, е новото правило кое е на добар пат да ја освежи завршницата на светското првенство во Јужна Африка следната година.

Џек Ворнер, потпретседателот на Фифа, е подготвен да ја воведе оваа санкција за играчите кои ќе симулираат фаул или ќе се преправаат дека се повредени.

"Можеме да се обидеме, се е можно. Факт е дека мораме да го направиме спортот позабавен за гледачите," изјавил Ворнер.

Храбриот и револуционерен предлог, е веќе тема на водечките луѓе на светската фудбалска федерација, па не е чудно правилата кои се користат во хокејот, рагбито и ракометот, да важат и во фудбалот.

"Фудбалот не смее да биде спорт каде што луѓето ќе симулираат и лажат, не смее. За тоа ние расправаме тука. Тоа мора да се смени," додал Ворнер.

Тој потврдил дека прашањето ќе биде ставено на маса на состанокот на Извршниот комитет на Фифа во Кејп Таун во декември, кога 24-те членови на комитетот ќе одлучат дали да го повлечат овој храбар потег.

"На пример. Некој глуми фаул и се однесува како да е крај на светот. Откако ќе го добие фаулот, веднаш станува и ја шутира топката. Тој играч треба да биде исклучен, и испратен надвор од теренот на 5 минути," објаснува Јужноафриканецот.

линк
 
Така така, требаше од поодамна вакво нешто...уа дајвери!
И секако да се воведе видеотехнологија.
 
Хмм интересно правило вака теоретски. Колку ке биде добро кога ке се воведе во пракса ќе видимо. Но како и да е нешто мораше да се превземе почнаја фудбалерите стварно да претеруваат :tv:
 
Глупости, се знае за симулирање се дава жолт картон и зато е тука судијата да процени дали играчот симулирал или вистина имало фаул над него
 
Sea pola ekipa na Italija ke bide pojke nadvor od teren nego na teren!

Глупости, се знае за симулирање се дава жолт картон и зато е тука судијата да процени дали играчот симулирал или вистина мало фаул над него

Pregolem e potpisot, namali go!
 
Не знам како ќе го регулираат ова. На пример, паѓа, се витка, го вадат од терен со носилки и.....има ли време што мора да го помине надвор од терен со лекари пред да се врати или што?!?!
Кој ќе докаже дека не му поминало во меѓувреме. Ни снимки не можат да помогнат да се утврди.
Иначе поддржувач сум на ова, многу сакам да најдат прав начин да профункционира....ова за Сериа А ќе биде поголем удар од Калчополи :icon_lol:
 
Уште еден глуп предлог од FIFA само уште толку ќе се забави играта.. додека испадне играчот па како ќе се регулира сето тоа и слично, има жолти картони за тоа .. сепак глуп предлог.
 
Глупости, се знае за симулирање се дава жолт картон и зато е тука судијата да процени дали играчот симулирал или вистина имало фаул над него
Се сложувам...Си има казна за симулирање,не треба дополнителна...Иако можеби со ова правило нема да се џиткаат сите кога ќе им текне мислам дека подобро е вака со жолти картони..Така глупо ќе изгледа,прво оваа екипа 5 минути со играч повеќе,па после другата..итн...сепак не е на мене да одлучам :)
 
Јас мислам дека тоа е добар потег..Требаше нешто вакво порано да се случи..
 
А што ке се случи доколку еден ист играч биде исклучен неколку пати за време на натпреварот ?......или пак исклучат 2.3ца во рок од пет минути?
 
И што сега Роналдо ќе го гледаме повеќе надвор отколку на терен.:icon_lol:
 
Се прекрасно, само како моментално ќе се каже дали некој симулира или не? Видео-снимка, па досега нема такво нешто за решавачки моменти на натпревари од планетарно значење (на пример, неколку пенали, онака случајно...), а сега за ваква глупост да има? :toe:
 
И што сега Роналдо ќе го гледаме повеќе надвор отколку на терен.:icon_lol:
:pos::pos::pos:

Инаку и јас сум против оваа одлука ... како што кажа еден член погоре за лажно симулирање се добива жолт картон ...
 
Не, не и не! Колку само за нигде предолзи од страна на ФИФА. Се знае кои се правилата во фудбалот, правила кои го прават интересен. Не е ракомет тоа или што знам кој друг спорт па дај ќе даваме казнени минути за симулирање.
Според мене тоа што е сега фудбалот го прави интересен, дали било фаул, дали имало играње со рака, дали било пенал... итн.
Строго сум против и се надевам дека ова ќе остане само една глупа иницијатива која нема да се усвои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom