Словени

  • Креатор на темата Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме веќе до јазикот, мислам дека маце е доволно компетентен да каже два збора за тоа колку грчкиот јазик и писмо е оригинален и чија копија е?
 
TpH_Bo_OkO напиша:
Кога сме веќе до јазикот, мислам дека маце е доволно компетентен да каже два збора за тоа колку грчкиот јазик и писмо е оригинален и чија копија е?

Феникијскиот : писмото е пренесено во Грција со преселбата на Етрурците. Така вика мојов Атлас на Светските Јазици (University of Chicago)

А за темава немам ништо да кажам освен : да се бара ”идентитетот” е стерилна дискусија. Зошто? Заради тоа што никој од нас не знае што носи во себе по петвековно турско владеење и после р’шум направен од германци и други окупатори. И во тоа време бабите наши и прабабите имале афери и рипале голи во стогови сено така што никој не ми дава стопостотна сигурност дека сум чист словен или не знам што друго. Нејсе, словените се измешале со македонците така што нема потреба да се дискутира околу тоа кои сме и што сме. Личната карта е доволна!
 
НАГРАДНА ИГРА: Пронајди ја картата натрапник!

I.The Early Phase of the Macedonian State


II. Acme of the Macedonian State



III. The Macedonian State Becomes One of the Hellenistic Kingdoms.
 
IV. Macedonia in the Transitional Period (167 b.c. to 148 b.c.)
V. Macedonia as a Roman Province
VI. Macedonia under the Tetrarchate
 
VII. Macedonia in the 6th c. A.D.
VIII. Macedonia in the 10th c. A.D.
IX. Macedonia in the second half of the 13th c.
X. Macedonia from the Greek War of Independence (1821) to Liberation (1913)
:pos2: :pos2: :pos2: XI. Macedonia from 1913 to the Present:toe: :toe: :toe:
 
Хајлендер да сибеш, има сега овде да ги испоразјебам со фоткиве. фала. Оти Александро и тука сеел семе и македонизам. Само не е ебел доволно, грди се, ко полулуѓе се.
 
Всушност, прашањето ми е: Како тоа Македонија, како што се гледа од картите, од територијата на Халкидики, западно од Пела, Северно од Стоби и западно од Преспанско Езеро, на крај се сели на југ?

http://vergina.eng.auth.gr/macedonia/
 
Погроми. Не имало и на југ и на север и насекаде, ама преку годините и вековите, поради губењето на две империи и две царства, едно кралство, јебига.
 
The Mummy Returns напиша:
Site nie tuka na balkanot pa i vo cela Evropa sme ,esavina od povekje pleminja.Ne moze niedno pleme da izdrzi cisto 30 veka bez da se pretopi so drugo.Se pomesale i anticki Makedonci i Sloveni i Bugari i Srbi(na Balkanot).A Anglija,Germanija se mesavina od Angli,Sakconci,Vizigoti,Vandali i slicni.Nema cisti linii.

"Se pomesale i anticki Makedonci i Sloveni i Bugari" Izvini za kakvi Bugari zboras? Mislis prabugari t.e. tatari, koi dosle od teritorija koja se prostirala na sever od Kavkaz? Prabugarite se izmesale so trakite + slovenite, za na kraj da kazat deka nivnata kultura e vo osnovata na slovenskata, deka tie na slovenskiot svet im dale pismenost, crkva i.t.n. Koga sme vekje kaj mesanjeto, makedoncite kako rasna grupa,mnogu povekje go imat ona "slovenskoto" otkolku "murgavite ni bratja" (chitaj istochnite ni komshii). Malku antropologija i na sekoj moze da mu stane jasno koj e koj i od kade dosol i koe parche zemja mu pripagja. Komshiite mozat komotno da se preselat na Kavkaz, a Grcite vo Turcija, ako im nedostiga 5 vekovnoto e....e, pa tamu neka se pravat "koi sme nie" ako mozat. :zlo:
 
Како Елада го лаже светот?

Дека официјалната (читај-лажна) грчка историја е толку преполна со лаги и измислици, што не се знае како опстојува како единствена:nenene: , говорат не само силните материјални факти за постоење на посебна и различна од грчката, историја, култура, јазик, обичаи..., туку и самите гРЦИ, поради неможноста да ја сокријат вистината, самите даваат огромен придонес светот да дознае колкави лажливци се!

Пребарувајќи по Интернетов, наидов на една интересна песничка, на грчки јазик, која демек, била официјлна химна на ,,Северната Грчка Провинција Македонија‘‘:3:

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ΞΑΚΟΥΣΤΗ
Μακεδονία ξακουστή
του Αλεξάνδρου η χώρα,
που έδιωξες τους βάρβαρους
κι ελεύθερη είσαι τώρα!
ήσουν και θα 'σαι ελληνική,
Ελλήνων το καμάρι,
κι έμεις τα Ελληνόπουλα,
σου πλέκουμε στεφάνι.
Οι Μακεδόνες δεν μπορούν
να ζούνε σκλαβομένοι,
όλα και αν τα έχασαν
η λεφτεριά τους μένει!


Песнава инаку, иде секоја вечер на локалните радија во Егејска Македонија, непосредно пред грчката национална химна.
http://en.wikipedia.org/wiki/Famous_Macedonia

Она што ми е доста интересно, би рекол-конфузно во песната, е што во првата строфа, се вели дека Македонија е земјата од каде потекнува Александар, што е точно, ама одма после тоа вели, Македонија ги отфрлила ,,варварите‘‘ и сега ти била слободна:nenene:

Ова, најверојатно се однесува на Македонците кои по втората Светска војна беа протерани од Беломорска Македонија:toe:

Одма после тоа, во втората строфа, се умешуваат Грците, демек они биле горди со Македонија???

И на крајот пак вели дека МАКЕДОНЦИТЕ не можат да живеат поробени...

Ај ќе ве молам некој пописмен од мене, да ми ја протумачи малку, оти ништо не сватив:toe: :toe: :toe:
 
Не треба писменост.
јасно е, како и чувашите и грчиштана се губат веќе во своите лавиринти искроени од лаги што во/од нив ни Тезеј не ги вади на светлина.
 
The Real Highlander напиша:
Всушност, прашањето ми е: Како тоа Македонија, како што се гледа од картите, од територијата на Халкидики, западно од Пела, Северно од Стоби и западно од Преспанско Езеро, на крај се сели на југ?

Одговорот е едноставен: Букурешт, 1913.
 
KRIS напиша:

Неќе да сме. :nenene: :zlo:
reputation_neg.gif
 
БИСТРИШКИ, "30ШТ0 НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ОДДЕЛНА НАЦИЈА"
Декември 1934 г.

Одговорот на тоа прашање е пред се од огромно политичко значење. Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот, Македонците се „најдобриот дел од бугарската нација". Според вториот, Македонците се „чисти Срби", а според третиот, Македонците се „словеногласни Елини". Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува" задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела Македонија.
За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиог народ до неговото издвојување од бугарската, српска-та и грчката империјалисгичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонциге треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме оддепна македонска нација која се бори за своето национално ослабодување и одделување на своја македонска држава. Се разбира, тоа не треба да го правиме само од полигички причини. До колку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. N8 таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.

Во Македонија постојат сите елементи на една самостојна македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја.

1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, српската и бугарската нација. Таа има утврдени географски етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и Егејско Море со пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е на-силно".

2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на Турската империја Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток по доцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција. Ниту една од последниве немаше тесни економски врски и општи трговски па-тишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките на една и иста држава - Турција. А, со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен ценгар - Солун, а не Белград, Софија или Атна.
Насилното распарчување на стопанската целина на Македонија на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катасгрофално врз стопанството на Македонија. Катастрофален пример за тоа претставува и денешната положба на Солун, којшто, откако беше откинат од својата природна економска заднина источна и централна Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниш-те на Егејско Море се претвори во жалосен спомен на богат неодамнешен трговски центар. Денеска веќе Солун се наоѓа на трето место во споредба со Атина и Пиреја. Истата судбина ја имаат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централна и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солунски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот тр-говски пат кон Белград. Во иста положба е и Македонија под бугарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас.

3. Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската наиија е словенски, со особен дијалект - македонски. Тој јазик е заеднички за нив. Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македонија. Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиени-те нации а не кај македонската нација којашго е национално по робена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик.

Освен по дијалектот (т.е. по своите особености -б.р.), македонскиог јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиог елемент е многу позачуван и со држи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на другите словенски нации.
Бугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација" или „чисти Срби". А ние Македонците не сме ниту едното, ниту другото. Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси", како што беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската завојувачка политика. Ние сме одделна нација. Сличноста на нашиот јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици на блиски, но самостојно развиени нации. Таква сличност на јазиците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и помегу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие претставуваат одделни нации.

Великобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека Македонците се дел од бугарската нација. Аргументот им е крајно неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до српската отколку до чешката нација.

При тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува нацијата. Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од бугарската нација", кога живееме со поколенија на друга терито-рија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја историја, специфични нарави, обичаи и така натаму. Англичаните, Ирците и Американците од Соединетите Американски Држави на Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни нации.

4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словен-ски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви.
Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонската нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците, не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грчката нација, туку сме одделна нација.
 
Не знам, што се замарате да ја докажете нашата посебност кога многу ја докажале до сега. Не треба ние тука да ја докажуваме него некој од политичарите. А за бугарите што се тука секогаш ќе викаат дека Самуил бил нивни, затоа што така ги учеле во школо и така им одговара. И не знам која е целта да има бугари на форумот, затоа што нонстоп се караат. Немам ништо против нив, ама вакви постови модератотрот би требало да ги избрише уште одма...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom