[Барање] Менаџер на контакти со интеграција на социјални мрежи

  • Креатор на темата Креатор на темата Juraga
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јули 2008
Мислења
15
Поени од реакции
0
Насловот објаснува на кратко што ми е потребно. Сакам апликација за Windows 7 која ќе биде во состојба да ги чува сите мои контакти, да може да се интегрира со моите акаунти на Skype, Facebook, MSN, Gmail, Yahoo ... и од нив да повлече информации за емаил, роденден, слика, лични податоци, мобилни броеви итн, како и да е во состојба да ги синхронизира помеѓу сите тие сервиси и било кој мобилен уред кој содржи информации за контактите. Знам дека е возможно затоа што почнав да ја изработувам но сега немам време да ја довршам, а оваа функционалност ми е многу битна и потребна.

Ако имате било каков предлог слободно постирајте, ме интересираат мислења
 
Ок, nimbuzz е супер апликација и ја имам користено поодамна. Но не е ни блиску до тоа што мене ми е потребно, или јас не сум видел опции кои ми се потребни. Благодарам за предлогот.

Да појаснам: Сакам да добијам унифицирани контакти. Сакам на мојот компјутер да ги имам база на контакти која ќе чува информации сортирани по „уникатна личност“. Пример за личноста „Х“ сакам да имам визуелен преглед на име, презиме, адреса, телефони, емаил адреси, слики итн. агрегирани од најразлични сервиси. Ако користи LinkedIn, информации за кариерата и искуства, ако користи Facebook, роденден, слики, телефон, инфо, ако користи Gmail, емаил адресата итн.

И со можност за експорт во VCard или некој сличен светски прифатен стандард. Потоа тие контакти е лесно да се импортираат во повеќето мобилни уреди

Синхронизација со уреди и web сервиси е голем плус, како и логика за Merge и решавање на дупликати.
 
#1. Емаил клиент
#2. Немам видено опција за импорт на контакти од Facebook, Gmail, Skype ниту експорт до нив. Има подршка за импорт на CSV ама тоа е далеку од синхронизација.
#3. Не е бесплатен на Windows 7 (мислам дека и не работи на него)

Ме интересира дали некој од вас користи апликација за чување на контакти локално на компјутер или ви се наоѓаат по различни веб сервиси?
 
Email client + контакти + календар
Има интеграција со фејсбук, skype, можиш да правиш импорт/експорт од outlook во gmail и обратно, има и авто синхронизација.
Работи на windows 7... од мајкрософт е xD.

Само не е бесплатен.

И може да се синхронизира со сите попознати мобилни платформи - Windows mobile, android, iphone, blackberry, нокии мокии итн...
 
ОК, тестирав...

Најдов дека има многу конектори со разни мрежи, ставив за Facebook и досега нема симнато ниту еден контакт, незнам дали и како би изгледало тоа

Ставив и за LinkedIn, за него не сака ни да прифати корисничко име и лозинка...

Ако знаеш како да го решам тоа би можел да видам дали е тоа што мене ми треба

Едит: немам подесено емаил адреса во Outlook затоа што тоа воопшто не ми е потребно, ако е тоа причината, тогаш и Outlook не ми е потребен

--- надополнето ---

хмм не можам да едитирам... нема врска

Outlook ми одзема 2 часа и воопшто не е ни приближно до тоа што јас го барам...

Изгледа никој не користи локални контакти туку зависи од онлајн сервиси, јас не можам да си дозволам ако снема интернет да немам некој контакти или пак да имам различни контакти по различни локации и да пребарувам кој има маил на овој или оној сервис или кој му е активен контакт број и сл.

Ако некој дели мислење со мене нека постира од лично искуство како се снаоѓа со таа ситуација и дали успеал да ги собере сите можни контакти на едно место

Најблиску до тоа јас сум стигнал со експорт на контакти од сите локации и нивно закачување на Google Contacts каде барем има напредни алатки за Merge, Duplicate Finder и сл.
Апсолутно не го препорачувам тоа на никого.
 
Борка, што ти текнало вакви работи да бараш? :)

Мислам дека има сигурно на нет некое софтверче што бараш, не е нешто што на друг не му текнало и/или се појавило како потреба :)
 
Немам време да ја довршам мојата апликација, таа ќе има многу згодни функционалности. Во меѓувреме сакам еднаш да ги соберам сите контакти на едно место со сите можни информации, а ако може тоа и динамички да се освежува е бонус.

На нет се е pre-facebook, pre-online прастаро. Или пресложено за CRM...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom