Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не мораа да ми кажат да клекнам - сам ќе клекнев и ќе им се клањав на Суперхикс. Фантастични се. Најдобрите за атмосфера. Вредеше што ги чекавме 3 саати и ги трпевме метузалемите на осакатениот бенд Азра, по 100 тип последен пат во Македонија. Пива избор - 0. Си пиев една чаша Марфи Ред, за повеќе не ми се трошеше пари. Од овој пивофест имам само еден збор - Суперхикс.
АЗРА го одржаа својот последен концерт на 15 август 1990 година. За тогаш зборуваш?
И нејсе, имаш „храброст“ да нафрлаш бесценети зборови за просек бенд како Суперхикс, додека ги навредуваш и остро критикуваш Хрњак и леинер само на нивна возрасна основа?
Пијана будала.Снемал изгледа пари за алкохол па ајде ќе одам во Македонија ,ќе го одржам 34-от последен концерт.Следната година пак.Што било тоа на Рибља Чорба кога се обратил Бора на публиката рекол добро вечер скопје![]()
Пијана будала.Снемал изгледа пари за алкохол па ајде ќе одам во Македонија ,ќе го одржам 34-от последен концерт.Следната година пак.
Епа пред да се излаеш треба прво да се распрашаш или да провериш некаде.
Бора не пие алкохол долго време за твоја информација.Имал забрана од доктор,ако се напиел не знам точно колку алкохол можел да умре на лице место.
Така да не ти држи вода тоа.
А за тоа дека беше издрогиран да,ама за ова дека бил пијан и му требале пари за пиење...
kao Klinton u Crna GoraШто било тоа на Рибља Чорба кога се обратил Бора на публиката рекол добро вечер скопје![]()
За тоа апсолутно си во право,нема тука збор.
Ги сакав и уште им ги слушам песните,но веќе здосадија.И тие и Дугме и Казалиште и Јагоде.
Наместо да се носат овие групи по стопати годишно,ко за промена можат да не изненадат со некоја странска добра рок-група или пејач,сеедно.
И искрено да ти кажам едвај чекав да дојде сабота поради Суперхикс.Другиве мање више ги имав слушано и ми беше сеедно дали ќе бидам на нив или не.
п.с.Ако некој најде видео од ''Африка'' или ''Лута рана''нека го постира овде,да погледаме и ние.
п.с.Ако некој најде видео од ''Африка'' или ''Лута рана''нека го постира овде,да погледаме и ние.
Зборам за Поздрав Азри. Резидент се во Македонија се во последно време. Јас лично сум ги гледал 3 пати мислам а не сум ни отишол на нив. За Азра со маестро Штулиќ секако мислам друго. Азра се одличен бенд и песните им се епик, еден од моите омилени бендови ама вака Поздрав Азри ми се потрошени старци кои иако го имаат сеуште мајсторското во нив, сепак звучат истрошено. А Суперхикс коа ке видиш и не се толку млади, 17 години се на сцена и сите имаат над 35 години. Суперхикс мене лично повеќе ми се свиѓаат за атмосфера правење отколку Поздрав Азри и тоа е тоа...
Можеби само Џони е АЗРА, ама и покрај тоа тврдење (Џониево) и можеби објективно, она што ја правеше АЗРА се тие „метузалемите“ кои едвај чекаше да поминат. Второ, вкупно четири пати беа во Македонија. Тоа е 12,000 пати помалку од Рибља Чорба, и 11,560 пати помалку од Ван Гог. Можеби само 4,000 пати помалку о другите изведувачи кои не' посетуваат тука. Кој од кој поистрошени. Финтата е што ти им го тури пикот токму на Хрњак и Леинер. Секако, твое право, но истото да го кажеше за Чорба, ќе беше crucified од желната за „дца динара друже“ македонска публика, на која никад не и е доста од тие епик хитови.
И тоа што викаш, Суперхикс можеш да ги гледаш и 50 пати, а да не ти се здосадат, а плус и тие не се млади. За разлика од други некои, нивните песни не се епик, туку се обичен склоп.
На крајот, само да потврдам дека песните кои ги свират „Поздрав АЗРИ“ still sound fresh...