Како до пофер избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Сведоци сме дека повеќето досегашни избори беа засенчувани од нерегуларности и/или сомнеж за изборен фалсификат.

Имавме обвинувања за изборни фалсификати од повеќе различни партиите и непризнавање на легитимноста на државни функционери. Ни се случија полнења на кутии во повеќе наврати. Имаше индикации за предвреме почнати изборни кампањи и за притисоци за гласање за една или друга партија. На денот на изборите се случувало и пукање...

Во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и на домашните набљудувачи дури и во оние генерално позитивно оценетите имаше сериозни забелешки, кои според нив не би требало да се случуваат во едно демократско општество.

После дваесет години демократија дали и колку Македонија може да се смета како демократска земја што се однесува до протекувањето изборниот процес?

Кои законски измени сметате дека треба да се донесат за изборите да протекуваат без тензии и проблеми?

И најважно како ние обичните граѓани и гласачи да придонесеме за што пофер избори без инциденти нерегуларности?

----

Би ги замолил форумџиите да се воздржуваат од споменување на партии.
 
није могуче, едноставно немаме култура доволно за фер избори, политичарите забораваат што е образ и мерило кога доаѓа кампаља, не се внимава кој што зборува, не се внимава кои средства се бираат, сега сме сведоци и на партиски медиуми кои некогаш беа водечки по транспарентност во државава, немаме клетка што не е исполитизирана, така да цела дискусија е неможна доколку не се спомнуваат партии:toe:
 
Изборите во оснава се направени да бидат нерегуларни и никогаш немало па нема ни да има фер избори. Тоа дека нешто граѓаните или селаните ќе сменат е само чиста илузија приспивна приказна бајка на која се верува....
 
Проблемот е до стадото овци... овааааа, народот де :)

Џабе се и закони и се,изборите ќе си останат местени/со притисоци/нерегуларни и сл,таков е менталитетот/ кретени со недостаток на IQ...

крај.
 
Генетскиот код на еден народ не се менува :)
 
Фотографирање на гласачкото ливче?

Негативни забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР на последните претседателски/локални избори поради фотографирање на гласачкото ливче:
"Во 6 проценти тајноста на гласањето не беше осигурана, главно заради лошиот распоред на гласачкото место или заради недостиг од простор, а беше известено и за два случаја на лица кои фотографираат гласачки ливчиња по гласањето..."
Фотографирањето на гласачкото ливче е забрането

Член 56 од Изборниот законик:
(3) "Избирачкиот одбор може да го отстрани секое лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче."
Причината за забрана за фотографирање на гласачкото ливче е со цел заштита на правото на самоопределување и за намалување на можноста за принудно гласање за одредена политичка партија со приложување на доказ фотографија.
 
Залудни се сите закони, залудни се сите мониторинзи, присуство на полиција и сите останати правни мерки, кога она што е најважно недостасува. Политичката кулура во Република Македонија е на едно сосема незавидно ниво, не само помеѓу гласачите, туку и меѓу политичките партии и политичката елита. За промена на подобро, потребно е прво да се сфати концептот на политичка култура и почитувањето на правото на избор, без заканувања, притисоци, јавни навреди, пцуења и препукувања. Препукувања секаде има и де факто се потребни како такви, но тие да имаат длабочина и содржина, а не да се содржат со клевети ти си магаре, јас сум коњ. Политичките лидери од сите партии, треба строго да влијаат на своето членство, да вршат едукативни обуки со цел да им го подигнат нивото на политичка култура, а не да ги поттикнуваат кон конфликти со спротивните политички табори. Друг проблем е што политиката не се сфаќа како натпревар помеѓу противници, туку како војна помеѓу непријатели кои мораат да се истребат меѓу себе. Граѓаните го гледаат примерот и однесувањето на политичарите, кои треба да бидат пример за една политичка култура, манири и достоинствен натпревар помеѓу себе, но тие се се освен тоа.
Правилата на фер избори треба да ги постават политичарите, но во суштинска смисла во однос на тоа дека треба тие прерогативи да ги донесат на внатрешно ниво во партијата, како и кон граѓаните, а не само за пред новинари и претставници на меѓународната заедница како што прават нашите политичари. Пред новнинари и странци говорат за значајноста од фер избори, а од друга страна го поттикнуваат своето членство да прави се во својата можност да ги саботира своите политички противници. Е па додека ова е вака, нема да има фер избори.

И така.
 
Залудни се сите закони, залудни се сите мониторинзи, присуство на полиција и сите останати правни мерки, кога она што е најважно недостасува. Политичката кулура во Република Македонија е на едно сосема незавидно ниво, не само помеѓу гласачите, туку и меѓу политичките партии и политичката елита. ..... Политичките лидери од сите партии, треба строго да влијаат на своето членство, да вршат едукативни обуки со цел да им го подигнат нивото на политичка култура, а не да ги поттикнуваат кон конфликти со спротивните политички табори. ....
Обуките да се подигне политичката култура кај нашите политичари, членството и гласачите би биле како да го учиш Шарко да биде вегетаријанец. Можеби малку ќе глуми дека пасе трева, но секогаш ќе се здави со друго куче за коска.
 
Проблемот е народот, и никој друг! Не може да очекуваме политичарите да се сменат, ако ние како народ не се смениме. Или накратко власта е таква како народот што си заслужува!
 
Проблемот е народот, и никој друг! Не може да очекуваме политичарите да се сменат, ако ние како народ не се смениме. Или накратко власта е таква како народот што си заслужува!
Значи посекако народот би требало да се однесува или умерено (ако делумно му е удобвно во државата) или радикално (ако е не задоволен). Во таква ситуација па ќе треба да праиме тема- Како до пофер народ :)
 
Значи посекако народот би требало да се однесува или умерено (ако делумно му е удобвно во државата) или радикално (ако е не задоволен). Во таква ситуација па ќе треба да праиме тема- Како до пофер народ :)
Подобро - како до подостоинствен и поединствен народ, народ што се буни кога му смета нешто, а не ќути ко пи*ка
 
ајде..ќе видиме утре.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom