ЕдноЛето.мк

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Што е ЕДНО ЛЕТО?
Едно лето е проект направен со цел да се зголеми интересот за развој на слободен софтвер во Македонија. Сите заинтересирани се пријавуваат во три различни категории:

  • Project creator/s - лице кое го води проектот и има големи познавања од областа
  • Contributor/s - лице кои има големо искуство во програмирање со други технологии но не и со таа која е потребна за проектот
  • Student/s - лице заинтересирано за даден проект кое има основни познавања дефинирани од Project creator кои се потребни за истиот. проект со тоа што Студентот ќе добие ментор кој ќе го води низ проектот. Студентот ако биде прифатен ќе стане и Contributor
Доколку сте студенти, Вашата пракса за факултетот можете да ја одработите токму „оваа лето“.
Слободен софтвер Македонија, во соработка со JUG.mk, Ruby.mk и Python user групата, ви овозможуваат да работите на некој од предложените проекти, со што ќе добиете сертификат за помината пракса, а плус ќе се запознаете со некои напредни технологии, како и со начините на работа во еден слободно-софтверски проект.

Зошто би учествувале?

  • Уникатна можност да се вклучите во заедницата на слободен софтвер
  • Можност да добиете практично искуство кое би користело во вашата понатамошна кариера
  • Можност да работите со некои од најдобрите програмери во Македонија
  • Можност да користите најнови тенологии
  • Уверение за пракса доколку сте студент
  • Не мора да сте во Скопје за да работите
  • Забавно е
Термини:

  • Пријавување на ментори: до 1.05.2011
  • Пријавување на учесници: до 31.05.2011
  • Објавување на прифатени: 5.06.2011
  • Почеток со работа: 15.06.2011
Линкови:
http://ednoleto.mk/
http://wiki.spodeli.org/Едно_лето
 
колку време трае праксата? Сакам да се пријавам како студент , само у јули не сум во Македонија.. Сите проекти почнуваат на 15.06 или има некои од август :smir:
 
Колку што сум запознаен јас, 1 месец трае праксата (не сум студент, не ме фаќај за збор). Дали почнуваат сите од 15.06 мислам дека да, пошто може да има повеќе студенти пријавено на еден проект и не може еден да работи од 15.06 - 15.07, а другиот после тоа... плус тоа што проектот може да се заврши во тој период и за тебе ќе нема ништо.

Сепак најдобро ти е да ги прашаш на контакт мејлот што е оставен на сајтот или на #lugola на irc.freenode.net.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom