Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како ќе се заврши работава никој не знае. Може и со класичен банкрот, со давање повластици на доверителите (острови?) и со разни приватизации кои веќе се во игра.
Едната можност е земјите на еврозоната да превземат поддршка на грчкиот долг и/или доверителите односно банките да отпишат дел од своите побарувања. Како и да решат и во кој сооднос ќе биде тоа, од ова решение сите бегаат бидејќи никој не сака да си навлече загуби.
Втората опција е Грција да ја напушти еврозоната и да ја врати драхмата со што ќе може преку девалвација на така слабата валута да ја зајакне пазарната конкурентност. Но тогаш остануваат долговите кои растат и прераснуваат во неверојатни суми.
Главни од доверителите се француските и германските банки. Француските држат 60 милијарди од грчкиот долг, па на нив не им оди во прилог некој трет да ги превземе долговите бидејќи тогаш тие губат. Но не е ни така едноставно некој трет тоа да го превземе долгот бидејќи ако системот не обезбеди редовна циркулација и проток на капитал низ враќање на долговите, нема нормално функционирање на таквиот систем. Но тоа е веќе прашање на организацијата на ЕУ системот, која како што знаеме е на климави нозе заради можноста да интервенираат политички како во случајов со Грција.
Сонови сонови и само сонови,глупости, глупости и само глупости..:tv: