Илко продолжува да патосира и во лајтвејт. Каква прича направи чоеков, има скор од 17-0, од кои последните три борби му се победи над УФЦ легенди ( две легенди у фервејт Волк и Макс) и една над Оливеира во лајтвејт. Најјакото е што чоеков пред секоја борба вика дека ќе ги нокаутира и си го исполнува ветувањето. Сега го предузвикува и Ислам, а овој ако после борбата со Мадалена (ако победи) не прифати борба со Илиа онда стварно е пичурник тежок. Не го сфаќам типот, цел свет сака да ја види таа борба, о овој само измислува некои срања. Илиа бил онаков, оваков, мал бил, не можело така. Ај може сеа коа падна на позиција 2 на П4П листата може ќе прифати пошо е комплексаш. Иначе последнава борба на Илиа со Оливеира очекувано за мене. Баш како што мислев испадна. Илко е исто доста добар у партер, а единствената шанса на Олиеира беше само тамо. Кога се дигна на нозе, веќе знаев што следува. Борбата со Ислам ќе биде многу јака. Баш ме занима чиј стил ќе издоминира, односно кој прв ќе успее да капитализира. Од една страна мислам дека ако Илиа успее да поврзе една од многуте комбинации кои ги има, Ислам ќе иде брзо на спиење. Од друга страна па ептен ме занима да видам како ќе се снајде Илиа на партер со Ислам, дали ќе биде преголем и пресилен за него или па ќе испее да излезе на крај како што се снајде против Оливеира. Се надевам дека ќе имаме прилика да ја гледаме борбава, и нема да пропадне као Џонс-Аспинал.
Илија против Пади/Арман е исто интересно за гледање
Јас мислам ќе ги нокаутира и нив.
Има одбрана Илија , го потценуваат многу.. ќе ги прати двајцата у светот на чудата.
Со Ислам тешко толку рано да заврши фајтот , ама мислам може во последните две рунди да го прати и него на спиење.
Низок е реално , ама и способен за неговата висина.
Ислам башка е паметен , знае дека Илија исто тренира од мали нозе како нив.
Тешки дундиња се Дагестанците кога имаат добар противник против нив
Илија се рокаше со Емет 5 рунди , го измести на крај и едвај глеаше чоекот
Има кардио и го покажал тоа , чим Мераб не може со него , треба сериозно да го сфатат а не да го потценуваат
Пади го вика 'миџет'

У очи му се гледа на Илија дека сака да го измести за тоа.
Само нека се пензионираат Дастин и Џастин , иначе уште подосадна ќе биде таа дивизија.
Усман ме изненади со Бакли.. поточно Бакли ме изненади појше со неговиот план.. катастрофа, се пуваше , го бараше Усман и циц на крај.
Усман-Ислам може да биде исто интересен фајт во валтервејт.