- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
Покрај официјалниот албански јазик, најголемата општина на Македонци во Албанија, Пустец, доби ознаки на македонски јазик на латинично и кирилично писмо.
Дури 11 плоштади и 56 улици не само што ке бидат означени кои институции се, туку ќе носат имиња од македонската култура и историја, и од Македонци кои оставиле белег во борбата за македонските права во општина Пустец и во цела Албанија.
Овој проект е донација од скопската општина Гази Баба.
Според Едмонд Темелко, Градоначалник на општина Пустец, покрај афирмацијата на македонскиот јазик, ке решат и друго важно прашање. Конечно сите патници ке знаат каде е Пустец, бидејќи претходно никогаш немало патокази.
Светскиот Македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот, Макеодон, ја поздравија донацијата од општина Гази Баба.
Инаку Република Албанија службено признава постоење на околу 6.000 Македонци само во областа Мала Преспа, иако нивниот број е далеку поголем и на целата територија на Република Албанија.
Елена Бошковска