Македонски железници

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
04.jpg

Вовед
Македонски железници е едно огромно претпријатие за превоз на патници и стока.

Чичко машиновоџа си ја знае многу добро работата. Но од што многу добро си ја знае работата кога ќе се поебе локомотивата не знае да ја опраи, ма да се труди да чачне нешто, и едно пола саат до саат време чачка, и на крај ќе му текне да викне нова локомотива.
Обично локомотивите се поебуваат негде во околината на Богомила (на пола пат Скопје – Битола). И бидејќи велешани се скржави (vardarce без лутење), мора да иде нова локомотива од Скопје па да се прикачи за да го догура возот до Битола и обратно.
Забораив да спомнам дека кога ќе се поебе локомотивата на чичко машиновоџа и чичко Црвенкапа и остали у тој бизнис баш им е гајле за патниците дали негде се брзаат, си имаат пословни работи, испити и тако даље и тако даље.

Случки...
1. Зимно време, месец февруари, снег до колена, се качувам у Битола у воз за Скопје. Арно ама на почеток локомотивата била замрзната од ладното, и така да се чекаше да стигне Скопскиот воз за да ја земеме таа локомотива за да заминеме, и така негде 19 часот (по распоред во 18:20 трга) возот тргна.
Во вагоните парно греење амин, го пуштиле ама тоа наместо да загрее тоа повеќе ладеше, што значи во вагоните температурата беше негде 6-7 степени под нулата. Луѓе се тресат џоа стоки али тоа е, и вовчето догура негде до големиот тунел и некако му се смачи да тера, го помина големиот тунел за едно 10 минути (обично тој тунел се минува за 2:45 до 3 минути), и стигна у Богомила и доаѓа чичко Црвенкапа свринува и вовчето поаѓа ама со тешкотии у „желудник“ и негде Васил Антески – Дрен (2 станици после Богомила) застана вовчето и не трга, се заглави. И така чекаме нова локомотива, од 21 часот па до 23 часот се чекаше нова локомотива и локомотивата некако стигна, ма да некои изгубија надеж дека ќе дојде. И така си дојде локомотивата пратена од Скопје и се прикачи и го изгура возот. А вагоните од што имаат јака конструкција и се многу „добро“ изолирани почна да навева снег внатре, си мислиш у замрзнувач си и газиш по мразулци. И негде 2 и пол часот по полноќ возот стигнува во Скопје еј Скопје. И од возот се симнаа многу луѓе од кои баби и дедовци премрзнати, вкочанети со реума, ишијас и што ти ја знам друго. И си викам у себе: сега некој да гледаше од страна што бараат баби и дедовци у 2 и пол часот да се симињаат од воз ќе речеа: „брее види ги стариве се враќаат од журка од DownTown у Велес. :)
2. Оваа случка се случи пред некој ден во четвртокот. Идам јас на воз у 6 сабајле у Скопје, спремен за на испит. И се фино лепо возот си тргна, а ја умрен за спиење сум легнал на седиштата сум тргнал завеси, и спијам, и никој не ми влегува во купе.
И се разбудив негде 9 часот и 45 минути и гледам возов стигнал пред големиот тунел и иде наназад и се чудам што е работава. И добро ај они си знаат шо е работава и ја сум си задремал уште малце и така вовчево се врати у Богомила. И разбрав дека локомотивата се поебала т.е. избил пожар у неа. И сега пак ќе ги окривам велешани скржави, пак мораше нова локомотива да иде од Скопје. Ама како по обичај чичко машиновоџа пак едно саат време буричкаше по локомотивата и на крај му текна да викне нова. И по 2 часа чекање стигна нова локомотива. Ја прикачија и почна да го влече возот, и сите патници израдувани дека возот конечно тргна сите на прозорци закачени и гледаат природа.
А јас убрзан за на испит кој почнува од 13 часот, го испуштив бидејќи возот стигна у 15 часот и 30 минути у Битола.
Ај нема везе за испитот, си се договорив ја со професорот друг ден да полагам.


Што значи од Скопје до Битола со воз, патување е 9 часа, може и 9 и пол.
Има уште многу случки со Македонски железници (кои ќе ги пишам некој друг ден) како се многу ефикасни и брзи во своите услуги.

П.С. Што ти се вика Македонски железници у 21 век.
П.П.С. Сме слушале на вести како некои јапонски машиновоџи се самоубиле бидејќи закасниле 1 минута на станица итн. Па тие машиновоџи да работат во Македонија во Македонски железници, секој ден би имало масовни самоубиства.

08.jpg

И „шпанецов“ знае некад да се поебе, ама „Кенеди“ ептен се поебува.
 
zeleznicaskapana.jpg

Македонија не е Швајцарија во многу погледи, па нормално ниту во споредба на нашите железници. Најмалку кога е во прашање точноста на возовите.

На некој му прекардашило од чекање, па за да видите како го манифестирал својот гнев во чекалната на железничката станица Рајко Жинзифов (една станица пред Велес).
 
dali znaete deka vo makedonski voz se nemam vozeno seuste
 
И јас немам намера да се возам со овие наши возови....инаку, познат е податокот дека во МКД, возовите вкупно годишно доцнат 5 години...:pos:
 
sagaqua напиша:
И јас немам намера да се возам со овие наши возови....инаку, познат е податокот дека во МКД, возовите вкупно годишно доцнат 5 години...:pos:

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Немојте да ја задевате железницата ќе се караме! :star:Возењето со воз според мене e еден од најпријатните чуства, цел живот се возам од кој една година се имам возено интензивно секој ден. Исто така возот е еден од ретките превозни средства во кој мене не ми се лоши, а јас сум проблематичен од тој аспект. :) Инаку сеа коа ќе дојде Тончи и коа ќе прочита што пишувате вие за железницата ќе ви каже убаво. :)
 
Да влезеш и во воз на Македонски железници е исто ко да си влегол во авантура и да играш лотарија, Не знаеш кај ќе те остави , од каде ќе тргне , во колку ќе тргне и во колку ќе стигне.
Занчи се на се авантуристичко доживување.
Верувам дека водка има многу други дешавки за кажување.
А сега јас една.
2 Мај 2005 убаво вереме пука сонце еден куп луѓе на скопската железничка станица се качуваат во воз, ама за секој има место и купе. Повеќето се симнаа во велес за да одат на велешко езеро на излет, другиот дел се симнаа во богомила исто така на излет и мислам дека вожот после ова се испразни за едно70% ама имаше место и до велес бидејќи имаше за еден саат уштте еден воз за велес.
Убаво скари се такак и ајде на железничка во богомила и доаѓа возот ама полн со патници од битола и прилеп, и незнам како не има текнало на овие од МЖ дека е Мај и дека еден куп има што ќе се враќаат од богомила а поготово од велес.
И ај се пикнавме ние што сме од богомила се сместивме во ходниците од вагоните бидејќи купеата беа веже полни и чекаме да стигнеме велес онака стоеечки восхитувајќи и се на природата која ја одминуваме.
Стигамево велес и гледаме грамада луѓе за кои не стига цел исто голем воз ама празен ама шта је ту је и ние има мфтаме со рацете од вагоните онака сите наместени по ходниците и автоматски слушаме реакци ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.
И тука почнува одма борба за опстанок кој ќе успее да се качи па тепање пред вагон мавање на глави од вагон ,па пискања во стилот лале нема да можам дома да си отидам и слично и како некако се накрцаа сите во вагоните и онака сите стуткани во ходниците од вагоните бидејќи како што кажав купеата полни со луѓе од прилеп и битола кои не пуштаат никој во купе, раце извираат од прозорите па се наоѓа и по некоја глава и само фали уште луѓе на покривот да имаше и да се долови чувството како е да се патува со воз од Бомбај за Калкута и така фино лепо бидејќи препполнет возо наместо за еден саат од велес за скопје стигна за саат и пол, нормално преку цело ова време како јас така и сите останати си стоеа по ходниците.
И од ова можам да заклучам дека кој сака асвантура нека проба за 1/2 Мај на велешко еѕеро со воз да оди и со воз да се врати.

За разлика од кај нас , јас сум се возел со сите типови возовои овде во германија, и секогаш имаат идеална температура, точни се до минута, ретко е да неможе да се најде место за седење , бидејќи на покаректиристичните делници тераат возови со двокатни вагони, а сум се возел и со ICE и во него е подобро отколку во авион комоција на ниво не се осеќа дека се движиш а всушност бришкаш со 250 на час.
 
Вардарче, има сфе то да испребијем бреееее!!!!
Они лошо за Македонски Железници :pishtoldz :lud:

Да беше државава поарна ќе имаше и поарни железници, и нормално ЈАС ќе работев таму и се ќе беше како што треба, вака задоволете се со она што го имате. Лелеле ама сум мрчаторски расположен.

Јас се возам со возови цел живот, бидејќи татко ми е железничар додека студирав имав гага возење у Македонија (или за најскапа карта од 25 денари до Гевгелија) и за 200-300 денари идење и враќање до Белград.

Воткамикс, ех неам време сеа за пишување, идам на жур наскоро... да работеф у нет кафе имаше да одвојам еден цел ден за преживеалиците у врска со МЖ.

Највеќе се изгазив од смеење коа се враќав од Кочани со „каубојскиот“ воз, каубојски пошто гарант беше од пред втора светска војна.
И се движи возот по штипското поле вјаса накај Скопје со некои си 40-50 км на саат и на премин застанал пред рампата камион на УНПРОФОР. Плаќам 100 денари ако некој направи таква фаца на изненадено,смешно запрепастување, како што направи типот на совозачкото место.

Инаку авантури со возови колку сакаш, инаку најкул е возење во Локомотива, ме возеше татко на моја другарка и другар на татко ми воедно, машиновозач.

За најхрабро мое возење ќе го одберам возењето за Кочани после 2 месеци пауза на таа линија поради замрзнување на шините под цело метро снег, ако ви текнува на големата зима 2001/2002.

Ај доста е од мене...
И зирнете го сајтот на Македонски Железници!
 
Во воз само еднаш се имам извозено, некаде 97/98 година од Скопје до Неготино и ми беше супер патувањето.(овде во Македонија) И еднаш се извозев во Германија од Минхен до Хоф (околу 200 км.) и како да се возиш со кола според брзината. Комоцијата е неспоредлива.
 
Јас се немам никогаш возено, ама уште од многу мал имам желба се возам.
Често сум одел во село Теово тоа ти е пред Богомила има една угорница обично таму се заебуваат возовите.
 
Да се возиш со МЖ е секогаш авантура и скоро секогап имаш патешествиа , овдека во германија така функционира ова железницата што не ни приметуваш дека си патувал.
Е сега зависи што сакаш.
Кој има интересни патешествија со МЖ слободно нека ги сподели тука видејќи приказните се составен дел од нашава железница, башка се скоор секогаш интересни.
 
Хехехе,македонски железници се лудило!!!!!
Јас се имам возено во воз во Шведска!Е тоа е ненормална работа!
На секој вагон си има дисплеј што покажува во колку саат на која станица пристига возот.Не е можно возот да закасни,можно е само порано да стигне на некоја станица и ако тоа се случи тогаш има чекање до однапред предвиденото време за пристигнување за некој евентуално да не си планира да дојде во последната секунда и да не го пропушти возот.
Над секое седиште има инсталирано радио,со можност да си приклучиш слушалки,да си одбереш една од 7-те понудени станици,да си појачаш глас и сл.
Има и уште многу работи што можам да ги кажувам ама ај доста е за сега!!!
 
BusHav напиша:
Хехехе,македонски железници се лудило!!!!!
Јас се имам возено во воз во Шведска!Е тоа е ненормална работа!
На секој вагон си има дисплеј што покажува во колку саат на која станица пристига возот.Не е можно возот да закасни,можно е само порано да стигне на некоја станица и ако тоа се случи тогаш има чекање до однапред предвиденото време за пристигнување за некој евентуално да не си планира да дојде во последната секунда и да не го пропушти возот.
Над секое седиште има инсталирано радио,со можност да си приклучиш слушалки,да си одбереш една од 7-те понудени станици,да си појачаш глас и сл.
Има и уште многу работи што можам да ги кажувам ама ај доста е за сега!!!

Мене ова ми звучи како швеѓаните да си ги купуваат возовите од германија
 
BusHav напиша:
Хехехе,македонски железници се лудило!!!!!
Јас се имам возено во воз во Шведска!Е тоа е ненормална работа!
На секој вагон си има дисплеј што покажува во колку саат на која станица пристига возот.Не е можно возот да закасни,можно е само порано да стигне на некоја станица и ако тоа се случи тогаш има чекање до однапред предвиденото време за пристигнување за некој евентуално да не си планира да дојде во последната секунда и да не го пропушти возот.
Над секое седиште има инсталирано радио,со можност да си приклучиш слушалки,да си одбереш една од 7-те понудени станици,да си појачаш глас и сл.
Има и уште многу работи што можам да ги кажувам ама ај доста е за сега!!!

Еее тоа ти е железница, а не као нашиве железници, па луѓе да ме пршуваат уште колку станици до Велес има, а возот веќе пристигнал на влез у Велес... :) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom