Панкот не е мртов

Две награди за „Панкот не е мртов“ на филмскиот фестивал во Тирана

„Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски освои две награди (најдобар филм и медија) на Филмскиот фестивал во Тирана, што се одржуваше од 5-ти до 10 декември.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...t-ne-e-mrtov“-na-filmskiot-festival-vo-tirana
 
Чек ја да потпрашам нешто: а зошто од секој наш филм очекувате да биде кузнае што и ако не биде онда е национална трагедија? Како да се растуривме од филмишта правење па сега Панкот ни квари просек...

Јас од филмов не очекував ништо и ме бендиса онака баш затоа што нема претенциозна приказна, напротив, многу е лајт, не го тупи со тешки филозофии. Се надевам да има уште урбани приказни затоа што ми се смачи од Мариово и не се замарам со тоа што панкерите не биле „автентични“. Глумата беше добра посебно на Тони.

Има некои кои гледам се срамат филмов да не добие номинација за Оскар. И јас мислам дека нема и не треба, далеку е од тоа, ама од друга страна, еден куп срање филмови добија оскари па не знам зошто би било лошо ако луѓето од академијата се на погрешни дроги и го избуткаат филмов.

Но во секој случај, потребни ни се филмови. Многу, многу филмови... за да можеме да викаме Уаааа по некои од нив. Мое лично мислење.

Патем, кога сум на темава: некој да не знае дали може да се најде некаде Бумбари (мини серија од 1994 со Васил Шишков во главната улога?)

Едит:
%25D0%259F%25D0%25B0%25D0%25BD%25D0%25BA%25D0%25BE%25D1%2582%2B%25D0%25BD%25D0%25B5%2B%25D0%25B5%2B%25D0%25BC%25D1%2580%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2.png


Фонтот со кој е напишан насловот се вика Punk's not dead :) Така да сега мислам дека авторот така и го смислил насловот :)
 
Го гледав филмот и стварно е добар. Интересен во секој поглед, пошо македонски си фукаат, пцујат, навредуваат и се останато. Тони е нај будала, хаха памет добра улога му даделе, го сакаше многу Фердинанд! :) хаха,
 
„Панкот не е мртов“ награден на Меѓународниот фестивал „Синема мунди“ во Чешка

Филмот „Панкот не е мртов“ на македонскиот режисер Владимир Блажевски е награден на Меѓународниот фестивал „Синема мунди“, кој се одржа во чешкиот град Брно.

Според изјавата на членот на жирито, Петр Димитров, филмот содржи хумор и опфаќа сериозни теми истовремено, пренесе дописникот на МИА од Прага.

- Филмот е поставен на врвни актерски остварувања и, на некој начин, на симпатичниот лик на жабата Фердинанд. Накратко, филмот е брз и квалитетен, додаде Димитров при објавувањето на наградите.

Главната награда на фестивалот ја освои ирскиот филм „Како да ме нема“ на режисерката Хуанита Вилсон. Според оценките на жирито, филмот не е типичен за средината од каде потекнува, не е патетичен, а актерите даваат се од себе.

Шестчленото жири на фестивалот одлучуваше за наградите за 14 филмови во конкуренција. Меѓу нив беше и „Разделба” на иранскиот режисер Азгар Фархади, кој доби „Оскар“ и „Златна мечка“, како и перуанскиот филм „Октомври”, награден на фестивалот во Кан.

Фестивалот траеше осум дена, а присуствуваа многумина интересни гости. Чешките медиуми посебно значење му дадоа на учеството на македонскиот режисер Блажевски, кој го претстави својот филм „Панкот не е мртов”.

Минатата година филмот освои награда на фестивалот во Карлови Вари во програмата „Исток на Западот”. Раскажува за поранешен панкер, кој го игра актерот Јордан Симонов, кој по дваесетина години сака да ја состави својата поранешна музичка група и да се врати на сцената.

На „Синема мунди” беа претставени над 60 филмови од цел свет. Најголем дел од нив беа кандидати за „Оскар“ за странски филм.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/kult...dniot_festival_„sinema_mundi“_vo_cheshka.aspx

Вака,така филмов собра 5-6награди од филмскиве фестивали. Нека продолжи само така.
 
„Панкот не е мртов“ ја освои наградата од публиката на Филмскиот фестивал во Софија

Mакедонскиот филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски ја освои наградата од публика на 16. Меѓународен филмски фестивал во Софија.

Филмот беше прикажан во Балканската конкуренција. На фестивалот во Софија којшто завршува вечер, беа прикажани 260 филмови од 52 држави.

Ова е десетта награда на „Панкот не мртов“. Минатата недела тој беше награден и во Чешка на Меѓународниот фестивал „Синема мунди“.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/kult...ublikata_na_filmskiot_festival_vo_sofija.aspx
 
Punks not dead - Нова слика за Македонија
Бања Лука (Независне новине) - Најпознати македонски режисери секако се Милчо Манчевски и Столе Попов, тие поупатените знаат и за сестрите Митевски, меѓутоа ретко кој слушнал за Владимир Блажевски.
Додуша, овој Македонец со години живее во Белград, но кога ќе се спомне филмот „Булевар на револуцијата“ со Бранислав Лечиќ и Војан Маљевиќ, сите знаат кој е режисер на тој филм.

Неговото ново дело, по пауза од речиси 20 години, беше македонскиот кандидат за Оскар, а се работи за хумористична драма за земја и луѓе во транзиција во која панкот не е само музика, туку и начин на живот, под името „Punks not dead“.

Дејствието се врти околу членови на најпопуларен македонски панк бенд кој одамна престанал да постои, додека членовите заминале да живеат во разни делови на поранешна Југославија, меѓутоа и понатаму продолжиле да живеат со ист или сличен начин на живот. Кога од една странска невладина организација добиваат понуда да свират за Албанци во Дебар, тие тоа го прифаќаат со добар хонорар. Само, постои проблем што треба да се соберат по речиси 17 години.

Снимен во стилот „синема верите“ овој филм има многу недостатоци, но наспроти нив, многу е гледан и е едно пријатно освежување од Македонија. Покрај тоа, филмот се обидува да проникне во проблемите на транзициското и националистичкото општество.

Иако панкерите се прикажани стереотипно, како во филмовите од 80-тите години, тие се разликуваат во своите шеги и со својата хуманост за разлика од бирократите или странците во овој филм, кои се ладни.

Втор знак за слабоста во овој филм е режисерски. Блажевски очигледно е многу подобар како сценарист отколку како режисер, каде обидувајќи се да ја долови реалноста и држејќи се до документарниот стил во некои сцени „заталкал“. Наспроти режијата, тој направи брутално и емоционално силно и провокативно сценарио со многу убедлива глума.

Главната улога на 40 годишниот анархист, нихилист и поранешен наркоман, кој се уште живее со мајка му, ја одигра Јордан Симонов, додека најдобар поединец во филмот е неговиот најдобар пријател Љак или Тони Михајловски со својот миленик жабата Фердинанд, кој со својата гестикулација и експресии го засенува летаргичниот Мирса.

Филмот има елементи на „road movie“ кога тројца членови на бендот се упатуваат во Србија и Сараево да ги бараат останатите членови. Секоја нова локација нуди нова приказна и нови незгоди. Од многуте сцени кои обилуваат со псовки, голотија, огромна количина на алкохол и украдена свинска полутка, најефектни сцени се сцените од патувањето.

„Punks not dead“ нема линеарна приказна, туку таа во еден момент е на пат, во друг е музичка, додека во трет момент е љубовна како сцени од „црн бран“.

Меѓутоа, во позадина на сето тоа се крие универзална приказна која ги опфаќа сите земји на Балканот, а тоа е проблемот со затвореноста, национализмот, од кои поединците бегаат низ музиката или бараат некој друг „издувен вентил“.

Блажевски создаде слика на нова Македонија во која дава предност на аутсајдерите, а ги исмејува националистите и странците.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=9E6C4B62C9E44646BDB67EB7AA421C98
 
Добро склопен и толку. Нема П од панк култура, сето вештачки нафрлано, шминкерски прикажано. Малку се подразочарав, не знам зошто, можеби затоа што очекував нешто повеќе, барем поголем зафат на панк однесувањето, дејствувањето, филозофијата негова, но како и да е, добро е, излезе малку поинакво филмче во Македонијава :)
 
баба ми работеше на овој филм,..кажуваше дека со мн мал буџет го напраиле ...у осталом филмов ми е ѕверски :D
 
Мене искрено многу ми се допадна филмот. Нормално дека ќе има луѓе што не им се допаѓа, ништо не е чудно, секој си има различен вкус. :)
 
Омилена сцена: Тони Михајловски пее: Оооооооооо Ибраим, наместо Оооооо Земраим :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom