Добротворен концерт - Срце за Јапонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
628
Локација
Југославија
195749_209540445726356_4918120_n.jpg


Време Среда, 23 март во 20:00 - 24 март во 15:00
ЛокацијаМКЦ


По повод трагичниот земјотрес и катастрофалниот цунами бран што ја погоди Јапонија и предизвика големи страдања, како и огрoмна материјална штета, Младинскиот културен центар Ве поканува на голем добротворен концерт на македонската независна музичка сцена, „Срце за Јапонија“, на 23. 03 (среда) 2011, со почеток во 20:00 ч., влезница 200 денари. Средствата собрани од концертот ќе одат во добротворни цели за помош на Јапонија. Наст...апуваат:

Денсинг сала 25 Мај
String Forces
Mooger Fooger
Љубојна
Bernays Propaganda
PMG Kolektiv
Conquering Lion
Девојка
Сашко Костов
Распеани Скопјани

Фоаје:
+ DJ's: Мирко Попов, Нино Наумов, Гоце (САФ), Соња Исмаил, Тони Димитров, Зоки Бејбе и Wish.co.

На 26 јули 1963 година, точно во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од девет степени по Мекралиевата скала или шест според Рихтеровата сеизмичка скала, силен земјотрес што го уништи градот, „однесе“ многу животи и остави семејства во жалост.
Според статистиката, точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнаа градот да се изгради повторно и поради тоа го носи епитетот „Градот на Солидарноста“. Затоа , ајде сите да бидеме солидарни и да му помогнеме на Јапонскиот народ. Отворете ги вашите срца!

Иначе отворив тема тука, затоа што мислам настанов припаѓа тука, а не во Ноќен Живот, и ова е само затоа што некој нема Facebook па неможе да види :)
Се надевам ќе дојдете.
 
Вредат сите тие бендови за 200 денари. Може да се отиде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom