Nemorosus
Маршал Изет Фазлиновић

Време Среда, 23 март во 20:00 - 24 март во 15:00
ЛокацијаМКЦ
По повод трагичниот земјотрес и катастрофалниот цунами бран што ја погоди Јапонија и предизвика големи страдања, како и огрoмна материјална штета, Младинскиот културен центар Ве поканува на голем добротворен концерт на македонската независна музичка сцена, „Срце за Јапонија“, на 23. 03 (среда) 2011, со почеток во 20:00 ч., влезница 200 денари. Средствата собрани од концертот ќе одат во добротворни цели за помош на Јапонија. Наст...апуваат:
Денсинг сала 25 Мај
String Forces
Mooger Fooger
Љубојна
Bernays Propaganda
PMG Kolektiv
Conquering Lion
Девојка
Сашко Костов
Распеани Скопјани
Фоаје:
+ DJ's: Мирко Попов, Нино Наумов, Гоце (САФ), Соња Исмаил, Тони Димитров, Зоки Бејбе и Wish.co.
На 26 јули 1963 година, точно во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од девет степени по Мекралиевата скала или шест според Рихтеровата сеизмичка скала, силен земјотрес што го уништи градот, „однесе“ многу животи и остави семејства во жалост.
Според статистиката, точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнаа градот да се изгради повторно и поради тоа го носи епитетот „Градот на Солидарноста“. Затоа , ајде сите да бидеме солидарни и да му помогнеме на Јапонскиот народ. Отворете ги вашите срца!
Иначе отворив тема тука, затоа што мислам настанов припаѓа тука, а не во Ноќен Живот, и ова е само затоа што некој нема Facebook па неможе да види

Се надевам ќе дојдете.