T
Tetro
Гостин
12.03.2011 - 16:56
Кој ја контролира цената на лебот? Како и пред два месеца и сега имало индиција за картелско здружување и монополизација на производот.
Иако мелничарите имале по неколку стотици тони залихи сепак цената на лебот во ист ден се зголеми за иста сума, вели директорот на комисијата за контрола на конкуренцијата Чедомир Кралевски.
Но додава дека индициите не се казниво дело. Повторно како и пред два месеца кога и владата побара антимонополска да превземе мерки, Кралевски само ни објасни.
За да се постапува не се доволни само индиции туку еден од сторителите на кривичното дело, сам да го пријави.
Од друга страна пак агроекономистите коментираат дека токму мелничарите ја користат кризата и прават екстра профит. Според Димитриевски, дури и да немаат залихи кога ќе стартува жетвата и кога во сезона ќе имаат евтина пченица, профитот нема да го поделат со земјоделците.
Дали поскапувањето на лебот е оправдано ќе се знае дури во вторник на јавната лицитација за 40 те илјади тони државна пченица.
Сител неофицијално дознава дека интересот за истата не е голем. Останува уште понеделник за поднесување на барања за поевтина пченица. Според директорот на стоковите резерви Tрпевски, затегнатите услови од огласот нема да дозволат манипулација со државното жито.
Цената на лебот во рок од еден месец се зголеми за седум денари по што влада одлучи да интервенира со стоковите резерви кои ќе треба да го стабилизираат пазарот.
Индициите не се казниво дело. За да се постапува по случај не треба да се има само индиција туку еден од сторителите на кривичното дело сам да се пријави.
Видео вест