Погрешно разбрани книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Иако не постои дефиниција за тоа што „авторот сакал да каже“ постојат многу дела кои се извадени од контекст и погрешно интерпретирани. Налетав на некои податоци околу тоа па сакам да ги споделам со вас.


machiavelli_copy.jpg


„Владетелот“ од Николо Макијавели


Николо Макијавели бил извонреден философ. Од друга страна пак, веројатно се работи за најпогрешно цитираниот човек во историјата. Покрај фактот што тој никогаш не ја напишал неговата најпозната реченица: „Целта ги оправдува средствата“ (кај него таа гласела: „Целта ги одредува средствата“); целата книга „Владетелот“, со векови погрешно се интерпретира.

Кога ќе чуете оти за некој моќник ќе кажат дека се однесува макијавелистички, тоа значи дека е тиранин, а пејоративниот термин е изваден од горе наведеното дело на италијанскиот философ. Целата книга е збирка на инструкции за владеење на диктаторот од Фиренца, Лоренцо де Медичи. Инструкциите посочуваат како да се стекне и задржи моќта, дека е подобро луѓето да се плашат од вас отколку да ве сакаат и дека неискреноста се исплати доколку не ве фатат. Поради сево ова, Макијавели им бил идол на Наполеон, Сталин и Мусолини, а италијанската мафија го смета за татко на организацијата.

Но, доколку прочитате нешто друго од Макијавели, ќе видите дека тој се залагал за слободни и демократски републики. Сепак, „Владетелот“ е кусо дело што поттикнува доста емоции, а фактот што е потполно извадено од контекст, не помага во точната интерпретација.

Макијавели работел за владата на Фиренца, пред власта да ја преземе семејството Медичи. По доаѓањето, тој бил затворен и измачуван, за на крајот да му бидат скршени двете раце поради неговото залагање за слободни републики. Кога најпосле бил протеран, седнал и го напишал „Владетелот“. Имајќи ги предвид сите овие нешта, одеднаш сериозноста се претвора во тежок сарказам.

lewis-carroll.jpg


„Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол


До сега имало многу интерпретации на книгата за деца од Луис Керол. Во шеесеттите години од 20 век, во ерата на најголемите експерименти со психотропни супстанци, приказната најчесто се поврзувала со „влегување во еден нов свет“, „конзумирање чудни супстанци“, „средба со печурките“, халуцинации, чудесни патувања итн. Многу подоцна, кон крајот на векот, се појави и една смешна теорија дека се работи за ситуацијата на губењето на невиноста.

Всушност, Луис Керол е псевдонимот на многу конзервативниот англикански свештеник Чарлс Лутвиџ Доџсон, кој бил и професор по математика. Тој ја напишал книгата во 1865 година, кога најреволуционерното нешто бил напредокот во математиката. Авторот сметал дека воведувањето на новите концепти во математиката (како имагинарните броеви) ќе го наведат човештвото на погрешен пат. Тој сметал дека тие концепти биле потполно апсурдни, непотребни и без каква било примена во реалноста.

Токму затоа, Луис Керол решил да напише книга, со приказна во која ќе важат принципите на апстрактната математика, со пропорции што постојано се менуваат. Алиса е симбол за еуклидскиот математичар што со сите сили се обидува да го зачува здравиот разум во светот што се менува. „Земјата на чудата“ всушност е Колеџот на црквата на Христос во Оксфорд, каде што Доџсон работел. Тамошните „жители“ се луди, затоа што Керол сметал дека неговите колеги полека полудуваат.

niche.jpg


„Така зборуваше Заратустра“ од Фридрих Ниче


Ниче веројатно е најпознатиот философ по Сократ и Аристотел, но за разлика од нив, по лошо. Неупатените го сметаат за одговорен за делата извршени од луѓето што ги „инспирирал“: Тед Банди, Мусолини и Хитлер.

Ова дело на Ниче ја популаризираше изреката „Господ е мртов“, а во него се говори и за концептите за традиционален морал, супериорна раса што ќе се издигне и ќе завладее со светот, природниот владетел на светот (со референца супер човек), како и „русиот ѕвер“. Сево ова било искористено од еден исфрустриран човек кој не можел ништо да стори со својот живот, па се инспирирал и одлучил да го организира холокаустот.

Доколку Ниче не бил умрен, сигурно ќе го убиел Хитлер поради генијалната, слободна интерпретација на неговото дело. Во случајов, единствениот грев на Ниче е тоа што се дружел со погрешни луѓе - неговата сестра Елизабет и добриот пријател, композиторот Рихард Вагнер, обајцата страстни следбеници на Нацистичката партија. По смртта на Ниче, сестра му ги наследиа авторските права и направила мали измени, со што додала антисемитски субтекст на напишаното. Подоцна, делата паднале и во рацете на философот Мартин Хајдегер, кој исто така бил закоравен Нацист.

Она што малкумина го знаат е дека Ниче мразел антисемитизам. Тој дури одбил да присуствува на свадбата на сестра му, поради фактот што таа се омажила со член на нацистичката партијата. На едно место има напишано оти антисемитистите треба да бидат стрелани. Сестра му, Хитлер и сите недоописменети философи го дале контекстот за врска помеѓу Ниче и теоријата за надмоќта на ариевската раса. Во суштина, кога Ниче говорел за „русиот ѕвер“, само ги опишувал лавовите.

На крајот, делот за супер човекот е општа констатација, за сите луѓе кои веруваат во субјективноста на моралот и кои се трудат сами да ги најдат вредностите во животот. Тоа е нешто што е дијаметрално спротивно од безумно следење на инструкциите од некој што поради своите фрустрации се решил да тргне во поход за уништување на цела една раса. Верувањето оти Ниче е пропагатор на нацистичките злосторства е исто толку апсурдно како да се каже дека „Животинска фарма“ е книга што предупредува оти еден ден животни што зборуваат ќе завладеат со светот.


Дали сте ги прочитале овие книги и кое е вашето мислење за нив?
Или пак можеби сте сведоци за слични ситуации кога познати дела биле извадени од контекст и субјективно, пристрасно коментирани?
 
Сето ова е убаво напишано али нема благе ВЕЗЕ СО ВИСТИНАТА барем во делот за Макијавели.
Факт е дека Медичи се долго долгоооооооооо фамилијарно на власт, неколкумина од нив го имаат купено и папскиот престол.
Макијавели во тоа време работи како службеник и советник за папата Лав ( исто така Медичи)
После дигањето на побуната Макијавели, одви во Венеција ( не ме држете за збор не сум сигурен за градот ) и таму се приклучува кон побуната.
Е сега одкако Лав ги придобива благородниците на своја страна и обезбедува доволно пари започнува кампања, и Италија ја прави парче, кога испосерко макијавели видел дека му нема спас бега од градот, додека се крие го пишува книжулето Владетелот, не за нешто друго тука за да му се додвори на папата и со тоа да се искупи за тоа што учествувал во побуната, е арно ама не му проага Медичи го факаат и му ебат мамицата.
Во кратки црти тоа би било
 
За Ниче и „Така зборуваше Заратустра“. Искрено, не сум знаел дека сестра му вршела измени во оваа книга (молам за извор, најсериозно, оти ме интересира). Знам дека тоа го правела со „Волја за моќ“. Вистина е дека била расистички настроена. Вагнер не можел да биде страстен следбеник на NSDAP оти партијата не ни била основана за време на неговата живејачка (сепак, и тој бил голем поборник за супериорноста на германската „раса“). Ниче можеби и мразел некои појавни, екстремно агресивни облици на антисемитизмот, но факт е дека, во повеќе свои дела изразил длабоко потценување на еврејските цивилизациски придобивки (вклучубајќи ги тука и јудаизмот и христијанството, посебно христијанските морални вредности).
Се согласувам дека Ниче би се спротивставил на нацистичкото лудило, како што своевремено се спротивставил (вербално, се разбира) и на создавањето на германската империја. Ниче е индивидуалист, па и неговиот натчовек. Веројатно е погрешно разбран како филозоф, но пораките кај него и правилно протолкувани сепак се проблематични за многу дежурни моралисти, и главно се сведуваат на оправдување на егоизмот, крајниот материјализам, борба за опстанок лишена од било какви скрупули, безмилосност, величење на телото наспроти духот и сл.
 
Најпогрешно разбрани книги се Библијата, Куранот и ред други “свети записи“
 
Најпогрешно разбрани книги се Библијата, Куранот и ред други “свети записи“

Секој ги сваќа онака како што му одговара, и секое поединечно толкување е точно. Ако јас сум ја сватил на оној начин, а ти на другиот, и двајцата сме во право. Неможеш да величиш, или деградираш нечие размислување и толкување на Светото Писмо.
 
Баш професорот по философија ни го имаше спомнато ова за Фридрих Ниче. Неговата сестра била симпатизер на нацистичката идеологија и се трудела Ниче да го претстави како антисемитист со тоа што бришела и додавала некои работи во неговите оригинални записи.

Сакав да пишам и за „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ само не сум сигурна дека спаѓа во категорија погрешно разбрани книги. Можеби повеќе е како недоволно разбрана книга.
Делува на обична приказна за локален дервиш исполнета со мудри мисли од Куранот, но всушност е напад и критика на комунистичкиот режим. Селимовиќ само го менува времето на одвивањето на дејството 100тина години наназад, иако тоа се однесува не неговото време.
Братот на писателот бил затворен без причина и од затворањето никој не го видел затоа што сигурно бил ликвидиран.
Во делото, зад главниот лик на Ахмет Нурудин вешто се крие самиот Меша Селимовиќ.
Се чудам само како била одобрена во тоа време. Дури била и задолжителна лектира во средно школо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom