Со оглед денес немаше организирано навивање однапред договорено, си отидов на натпревар на култната главна трибина на стадионот, со години Беласица ја немам гледано од неа, си одиш, си купуваш карта на главен влез, влегуваш, се позиционираш на место од каде се гледа најдбро на средина, ми фалеше гласот на Петрето кој ги бодреше играчите на Беласица и пцуеше по противници, загледувајќи се на тој дел на стадионот всушност сфатив како оние дедовци со кои израснав на таа трибина од основец до факс одејќи на натпревари повеќе ги нема, уште останата е онаа генерација која тогаш беа средновечни фанатици а полека и тие стануваат дедовци, колку само ми фалело она кога таму се знаат сите, старо/младо разменуваат муабет кој што правел пред да почне натпреварот и сите да се наострени со фокус само на терен, денес Беласица издоминира посебно прво, ама шпицов беше легендиште, што се успеа да промаши, е и за тоа треба да си талент.
Ептен ми беше ќејф да видам млади деца средншколци кои одат на натпревари, ги знаат играчите, одма со нив збориш за Беласица, не се за ултраси но и не треба, си треба да има и луѓе кои го сакат клубов од другата трибина, татковци дојдени со деца, тука и дедо, татко, син/внук, вракајќи ме во славните времиња на клубот кога тоа беше во дестици да не кажам стотици такви примери на кои ми се во ептен бледи сеќавања, мали деца кои одат на утакмица на Беласица исклучиво, иако клубов е во сенка на еден омразен ривал долги години сепак пак одат на Беласица, одма ми иде насмевка од муабетот кога низ парк возеа две деца со велоспиед и брзат абе еј денес Ајдуците играт да одаме да гледаме







, мислам и самата група не е свесна какво влијание има и дека деца одат да ја гледат групата дури во такви бледи изданија и ја сакаат,како во моите времиња , па затоа сум и оптимист дека за година-две-три ќе бидеме и во тој аспект како што доликува на град како Струмица, клуб како Беласица но и самото реноме и квалитет кои ги имаме, ама никако да го исполниме нашиот потенцијал.
Џабе некој фрла толку многу пари за да се претстави дека тој е новата "гордост" на градот, џабе игра ПМФЛ, џабе освои куп, џабе отвара фаншопови, раздава дресови, прават провокативни зајавки, плаќа политичари, има нешто кое едноставно не може да го купиш, а тоа е љубов бате, а и во таква агонија со години таа љубов во градот припаѓа само на Беласица и на ниту еден друг клуб.
Колку само денес натпреваров ме потсети дека уствари ни самиот дека не сум свесен, колку многу го сакам клубов, а најверојатно и никогаш нема да бидам свесен, Беласица е нешто посебно и секогаш ќе биде неизоставен дел од мојот живот.