Врховен потврди: Судијата Ивановски бил кодош

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Откако Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, тој излезе со обвинувања дека судот пресудил во корист на државата, а против слободите и правата на еден граѓанин.

trendafilivanovski4_48277.jpg


Сега одлуката е позната. Таа беше иста, уште пред формално да започне постапката за утврдување на фактите. Диктатот е ист, како пред Комисијата за верификација на фактите, така и пред Управниот суд. Одлучено е, односно пресудено на невидено и нечуено. Извршена е верификација врз основа на фалсификувани факти, невистини и непостојни факти - изјави денес Ивановски, истакнувајќи дека и пресудата е донесена врз основа на такви лажни факти.

Ивановски истакна дека во постапката не било дозволено да се изнесуваат докази и според тоа не се овозможило правилно и фер судење.

- Постапувањето по предметот беше чиста фарса. Се бегаше од вистината, така што Комисијата најчесто измислуваше непостојни факти, ги третираше како вистинити неточните и фалсификувани искуцани хартии и ги третираше како исправни - вели Ивановски.

Поранешниот претседател на Уставниот суд вели дека судовите ништо од ова не коригирале и пристрасно застанале на страната на Комисијата, сметајќи дека го бранат државниот интерес.

Тој нагласи дека бидејќи досега не успеал пред државните органи да ја докаже вистината, неговата борба ќе продолжи и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за кој бил убеден дека победува правдата и вистината.

Ивановски вели дека легитимните институции сакале да ја наплатат сметката од минатото преку политички линч на неговата личност.

Трендафил Ивановски се товари дека бил поранешен соработник на тајните служби. Тој е единствениот функционер за кого Комисијата за лустрација донесе решение дека бил соработник со тајните служби.

Коментар од @анонимен_читател

Вујко ми, кој беше член на тајна внатрешна македонска револуционерна организација од 60-те години (уште од основно училиште) бил предаден од некој како Ивановски. Бил уценуван да работи за тајните служби на режимот. Од оваа причина иако исклучително интелигентен, одличен ученик, морал осмо одделение да заврши одвај во некое село, а сите средни училишта за него биле затворени. За работа не можело да стане збор. Во 1969 емигрираше во Австралија заедно со неговото младо семејство и ниеднаш не дојде во Македонија цели 25 години. Кога најпосле се врати од голема болка и љубов се разболе тешко и за два и пол месеци умре. Има ли што да каже некој како Ивановски на ова? Свесен ли е за последиците од неговите дела? Има ли претстава како би изгледала Македонија да не беа луѓето како него?
 
Го фатија кодошот еден и единствен, друг нема ебате моронска комисија да ти ебам. Добро бе ненормални сме или ненормални ќе не прават што работеше тоа комисијата досега само дневници тепаа? Првин комисијата да се лустрира после лустрација ќе има.
 
И ќе ве молам, без политика у темава, пошо може да забегате, нели? Паметни сте вие :) .
 
Малце метафорички...

Секој, секој е секому храна, во оваа мала савана! :party3:

И додека јаде банана го боли за оштетената страна,
а кога стане оштетена страна, се прави ко никогаш да не јадел банана...
И така како што велиш ти
Секој, секој е секому храна, во оваа мала савана!
 
Го фатија кодошот еден и единствен, ...

Ајде, ајде, добро е што го скинаа тоа говедо.

Мене не ми е јасно со кој ум одеше да контрира кога ги имаа сите докази.

А ни малку хумор не е на одмет:

 
Море сите кодоши покрај ѕид и Ханс со митролезот :)
Се живо треба да се лустрира, ма од попови, оџи (овие се најсумјиви) па судии, пратеници итн итн мме уште му ја цицаат крфта на овој напатен народ :nerv:
 
Ајде, ајде, добро е што го скинаа тоа говедо.

Тука се поставува едно прашање.
Кои говеда го скинаа ова говедо за да останат и понатаму како говеда во зоолошката градина Македонија ?
 
Јас не сум баш упатен во работава, па ако може некој да посочи за што конкретно е обвинет судијата, кого кодошел, зошто, како, т.е. кои се тие ДОКАЗИ изнесени пред судот против него? Посебно чекам одговори од тие што сметаат дека Ивановски е кодош... сигурно ги знаат аргумнтите против него, зар не?
 
Интересно. Југословенските тајни служби (доста солидни во свое време) да се потпирале на овој еден човек од јавниот живот на РМ.
Што правиме со другите "кодоши" (не-јавни) кои исто така сорботувале со удба и кос...и посебно што со сегашните кодоши во фирмите (приватни, а посебно државни каде секој трет "дава информации") кои кодошејќи сеуште уништуваат животи, семејства и кариери? За разлика од тогашните соработници на безбедносните служби во име на некоја безбедност, сегашните кодоши работат во име на...што.
Во кодошењето (без оглед на сегашната функција или начинот на соработка) нема разлика, резултатот е ист и бетер. Искрено ова е тешка...
 
Во цела Македонија еден кодош и браво успеавме да го фатиме. Срамота за една власт вака да ги притиска оние кој не им се поклонуваат на сељачкото его.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom