Дали корисниците имаат права да побараат сметки за струја од пред 20+ години???

  • Креатор на темата Креатор на темата dbt
  • Време на започнување Време на започнување
D

dbt

Гостин
Прво да се извинам доколку има ваква тема (побарав низ 5-6 страни и не најдов ништо слично).

Да го образложам мојот проблем. Од страна на ЕВН беше извршена смена на броилата од кои едното беше двотарифно со блокиран преклопник и се користеше како едно тарифно (за деловен простор). Во наредната сметка одкако беше извршена промента ми ги израчунаја и киловатите потрошени на евтина тарифа пред да се пренамени броилото во еднотарифно. Кога отидов во ЕВН да за да проверам зошто ми се израчунати и киловатите за евтина тарифа кои се платени пред 20+ години (пред да се префрли на еднотарифна) од нивна страна ми беше речено цитирам "Дали имаш доказ дека овие киловати се платени?".

Бидејќи не можам да најдам сметки од пред 20+ години (не знам некој што чува сметки од пред толку време) поднесов барање до ЕВН да ми достават сметки/состојба за периодот пред проментата на тарифите. Добив одговор кој што нема врска со моето барање, нешто пак во стилот дали имам доказ дека киловатите се платени.

Па доколку имал некој вакво или слично искуство или е упатен во оваа тематика кој е следен чекор што би требало да се превземи и дали да ја носам цела работа на суд?

Однапред благодарам за помошта.
 
побарај им Ти нив, да ти приложат доказ кога претходно тие имале побарување за неплатени сметки ..
ако немаат никакво предходно побарување а поминале 20год речи им нека се сликаат ..

значи ако пред 20год имало неплатени сметки ..
речи им нека ти дадат доказ од пред 19-18год каде тие писмено се обратиле до тебе (тогашниот сопственик) со побарување за наплата на заостанат долг ...
ако немаат таков доказ значи немало ни неплатени сметки ...
ти не си должен да чуваш 20год стари сметки ..
а они дали чуваат или не, нивна работа ..

крај краева ако 2години нема постапка за наплата на долг, долгот се брише како што знам ..
значи ако немаат покренато постапка пред 18год ... нека се сликаат како шо реков ..
 
Ако имаш долг постар од 5 години,а за истиот нема спроведено судска постапка (тужба) против тебе - слободно кажи им да одат да се сликаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom