Накит

  • Креатор на темата Креатор на темата Xara
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 септември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
На факултет ни дадоа задача да го истражуваме пазарот на накит, па би сакала да го знам вашето мислење на оваа тема

[FONT=&quot]1. [/FONT][FONT=&quot]Сметате ли дека накитот како моден детал е важен дел од целокупниот изглед? [/FONT]
[FONT=&quot]2. [/FONT][FONT=&quot]За кои прилики најчесто носите накит?[/FONT]
[FONT=&quot]3. [/FONT][FONT=&quot]Кој дел од накитот го сметате за најважен?[/FONT]
[FONT=&quot]4. [/FONT][FONT=&quot]Кое е вашето омилено место од каде најчесто купувате накит?[/FONT]
[FONT=&quot]5. [/FONT][FONT=&quot]Која цена сметате дека е најсоодветна за овој тип на накит?[/FONT]
[FONT=&quot]6. [/FONT][FONT=&quot]На кое место во градов може да се најде несекојдневен (разновиден) накит по соодветна цена?[/FONT]
[FONT=&quot]7. [/FONT][FONT=&quot]Сметате ли дека можете да купите рачно изработен накит, во форма по различна од таа што ја нудат бижутериите? Ако да зошто, ако не зошто?[/FONT]
[FONT=&quot]8. [/FONT][FONT=&quot]Каква комбинација на накит најчесто носите?[/FONT]
[FONT=&quot]9. [/FONT][FONT=&quot]Дали сметате дека рачно изработениот накит е добар подарок, и ако да што би подариле, ако не зошто?[/FONT]
[FONT=&quot]10. [/FONT][FONT=&quot]Дали сметате дека вашите потреби за модни детали се задоволени и ако не се, што сметате дека недостасува? [/FONT]
 
1.Најважен
2.Секогаш
3.Ланчето
4.Тезга
5.250 денара
6.Шутка
7.Да да...
8.Секаква битно да е НАКИТ
9.Најдобар шо може да се подари
10.Да
 
Ау, темава... Јас знам да се накитам како торбешка снаа... Огромна среќа е што се китам само за поважни свечености. Обожавам накит и имам доста накит, ама ретко го носам. Имам жолто и бело злато, бело многу повеќе, ама има и од она жолтко што светка. :pos: Зависи од периодите, некогаш сакам некогаш не сакам да носам. Само еден прстен, поклон од моите, цело време си го носам! Инаку, се друго ми зависи од облеката и расположението.

Сметате ли дека накитот како моден детал е важен дел од целокупниот изглед? - Да, ама ретко го примнувам ова...

За кои прилики најчесто носите накит? - Најчесто на некои свечености, а може и да ми текне за излегување да ставам нешто на мене. :)

Кој дел од накитот го сметате за најважен? - Ако сум одлучила да ставам накит тогаш комплет се китам: прстени, алки, саат, ланче, обетки, огрлица... Зависи што одговара на облеката. Нема такви поделби кај мене, се` си е важно.

Кое е вашето омилено место од каде најчесто купувате накит? - Зависи каков накит купувам, ако е злато многу внимавам на печатитите, а за обичен накит имам една другарка изработува па си порачувам од неа.

Која цена сметате дека е најсоодветна за овој тип на накит? - Ооо, ја то не знам... Кога одам за вакви работи си ги носам моите со мене. :kesa: Зависи што накит треба да купам и зависи приликата каде што треба да го носам. Обично за филигран не прашувам за цена.

На кое место во градов може да се најде несекојдневен (разновиден) накит по соодветна цена? - Сега има доста ефтини работи, за квалитет нема да коментирам. Понекогаш цената е мерило, а понекогаш и ако ти застане око на некоја работа...

Сметате ли дека можете да купите рачно изработен накит, во форма по различна од таа што ја нудат бижутериите? Ако да зошто, ако не зошто? - Сметаме. Ќе се разликува по квалитетот и начинот на изработка. Едно е рачно обработен накит, друго е сериски.

Каква комбинација на накит најчесто носите? Уф, па обично гледам да биде комплет. Прстенот од моите е секогаш на рака. :)

Дали сметате дека рачно изработениот накит е добар подарок, и ако да што би подариле, ако не зошто? - Подарувам накит за роденден, ама само на луѓе кои навистина ми се блиски. Не сакам роденденски грешки.

Дали сметате дека вашите потреби за модни детали се задоволени и ако не се, што сметате дека недостасува? - Сега ми недостасува нов часовник. :pipi: Се надевам дека ќе ми пратите еден за одговоренава анкета.

п.с. Малку допрецизирај ги прашањава, многу се општи! :smir:
 
На кој факултет си?

1. Сметате ли дека накитот како моден детал е важен дел од целокупниот изглед?
Yes of course. Сите девојки ќе ти речат дека да.

2. За кои прилики најчесто носите накит?
Секогаш кога не сум дома. За на факултет, за на кафе, за на гости, за излагање навечер, за на концерт. За на факултет подискретен.

3. Кој дел од накитот го сметате за најважен?
Најважен не знам - можеби ланче. Мене најомилени ми се обетките и ланчињата.

4. Кое е вашето омилено место од каде најчесто купувате накит?
Во Скопје во ГТЦ приземје, во Струмица во Ред Аксесорис и во едно ептен евтино. Купувам и од многу други места.

5. Која цена сметате дека е најсоодветна за овој тип на накит?
Ух, па појше од 300 денари за едно парче накит ми е скапо. Што не значи дека не сум давала.

6. На кое место во градов може да се најде несекојдневен (разновиден) накит по соодветна цена?
Нигде. Секаде е истиот.

7. Сметате ли дека можете да купите рачно изработен накит, во форма по различна од таа што ја нудат бижутериите? Ако да зошто, ако не зошто?
Не ми се свиѓа рачно изработениот накит.

8. Каква комбинација на накит најчесто носите?
Комбинирам преку боја.

9. Дали сметате дека рачно изработениот накит е добар подарок, и ако да што би подариле, ако не зошто?
Не.

10. Дали сметате дека вашите потреби за модни детали се задоволени и ако не се, што сметате дека недостасува?
Да, сметам.
 
Здраво! Ако некој е заинтересиран со рачно изработен накит од чисто сребро, повелете на мојот блог (можам да направам парче накит и по нарачка) http://mirellamfiligree.wordpress.com . Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom