- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Нов вид на тројанец кој циркулира по интернет го замрзнува компјутерот на жртвата и потоа бара плаќање на откуп за ослободување на машината, во спротивно започнува со бришење на фајлови. Бидејќи не успеа да влезе во ниту една од досегашните злобни "ware" нострификации, Troj/Ransom-A доби сопствена категорија - ransomware.
Копија од штетникот која прв пат е забележана во Англија веќе е испратена во лабараториите на Софос, каде се уште неможат точно да одредат како тој се шири.
Откако ќе се стартува тројанецот го замрзнува компјутерот а на екранот се појавува порака на која пишува дека на секои 30 минути се бришат дел од фајловите на ПЦ-то. По ова тој дава инструкции како да се испратат 10.99 долари преку Вестерн Јунион за да се ослободи машината.
Креаторот на вирусот дури нуди и техничка поддршка во случај по исплатениот откуп процедурата за отклучување да не работи. Тој ветува дека ќе го провери можниот проблем и дека ќе им одговори на корисниците.
Минатиот месец излезе сличен тројанец кој не беше толку пакосен да ги брише фајловите, туку ги енкриптираше и бараше пасворд за нивно понатамошно користење. Сепак по некое време Софос успеа да го хакне тројанецот и да издаде заштита за него. Се надеваме дека ќе успее и сега. До тогаш воздржете се од кликање на глупави понуди за се и сешто, бесплатна порнографија и слично.