Приказни, сказни, басни...

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Баба ми кажуваше некоја приказна за кранџоли (тоа е нешто како вампир) и демек тие живееле на таванот, и домаќинката кога правела мекици, кога ќе се свртела, едниот кранџол ја подавал раката и ги земал.Не знам како одеше понатаму, ама знам дека
бев ужасната кога видов дека и во нашата кујна има отвор за таванот и многу ми беше страв да нема кранџоли горе.

Една приказна ми кауваш дедо, ама таа беше многу долга и не се сеќавам ... Беа двајца браќа близнаци и имаа исти коњи, кучиња, орли... и еден ден едниот некаде заминува и му вели на братот: Кога водата во бунарот ќе се замати, да знаеш дека сум во неволја...

Моја омилена книга беше „Самовилското коњче“.
 
Хммм..Баба ми(Бог да ја прости) никогаш не ми кажуваше нормални детски приказни :P секогаш некои кои се базираа на црна хроника,убиства итн...можеби затоа не се плашам да гледам хорор хаха :D

Иначе ми имаше кажано приказна за некој човек кој бил на печалба,доаѓал од многу далеку со возот и во својата торба носел многу пари кои тешко ги спечалил.Слегол на една железничка станица и немал каде да преспие.Друг човек,од тамошниот град или село каде слегол печалбарот,го забележал и видел дека носи полна торба,дека доаѓа од печалба па му се понудил да го прими таа ноќ кај него да преспие.Печалбарот си легнал,а човекот и неговата жена направиле план да го заколат и да ги земат парите за себе.Човекот влегол во собата во која спиел печалбарот со секира и овој се разбудил.Го молел да не го убива и му рекол-Немој,аман не ме убивај,Сонцето ќе те кажи!(во смисла Сонцето ќе кажело за убиството).Овој почнал да се смее и му рекол да не треси глупости и дека за тоа ќе знаат само тој и жена му, не се сожалил и го убил печалбарот.Со жена му го закопале трупот во дворот.Поминала зимата,дошла пролетта.Времето било многу убаво и сончево.Убиецот и жена му седнале во дворот да одморат и да се потоплат.Ги делел само еден ѕид со дворот на комшиите кои истотака си седеле во својот двор.Мажот и рекол на жената-Ех жено..Оној будалион што го заклав и што го закопавме во дворот пред да го убијам ми викаше немој не ме убивај,Сонцето ќе те издаде.Комшиите слушнале и отишле пријавиле во полиција.Трупот бил пронајден.Се издале со разговорот во својот двор уживајќи во сончевото време.
 
Се сеќавам на Цар Салтан ...Дванаесетте Лебеди...Палчицааа..ахх коолку убаво детство..Секоја летна ноќ,баба ми ме заспиваше со приказните од Браќата Грим...:love:
 
Имам читано една серија на книги издадени пред 20-30 години кои претставуваа збирки на народни приказни од различни земји (Венецуелски бајки, Јапонски, Шведски, Германски и др. бајки).
Што се однесува до басните, најмногу се сеќавам на Езоп, Крилов и Лесинг.
Од нашиве собирачи на народни приказни (и др.) Цепенков за мене е без конкуренција.
Народното творештво овозможува увид во духовното богатство на некој народ, сведочи за неговата креативност. Лошо е тоа да се потценува. Интересно е да се види како некои приказни ги совладале сите препреки - јазични, временски, културни, географски и станале дел од сечие наследство.
Јас како мал (а и сега) најмногу уживав читајќи го Цепенков, басните, и приказните од некои од поегзотичните за мене земји (затоа и ги напишав први венецуелските бајки) чии приказни ми беа пооригинални, различни од европските кои горе долу се слични едни со други.
Исто така, овде ги вбројувам и разните римски, хеленски, египетски и др. митови и легенди кои со задоволство ги читав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom