P
Princ
Гостин
Омер Сулиси од скопско Арачиново има само две години, а многу проблеми. Неговото срце е слабо и поради тоа не може да фунцкионира како другите деца – лесно се заморува и не може да се движи. Лекарите од Скопје го упатиле на итна операција во Бугарија која треба да се изврши на 29 ти јануари. Но, неговото семејство ги нема потребните пари.
„Операцијата чини 11 800 евра, а освен тоа се плаќа и за секој ден престој во болницата. Немаме многу време за да ги собереме парите. Многу е тешко. Ги замолувам сите оние кои имаат можност да помогнат и ќе им бидам благодарен,, - Али Сулиси таткото на Омер.
Секој кој сака, својата помош може да ја даде со јавување на телефонот 070 143 414 со што ќе донира 100 денари. Ако хируршката интервенција успее тогаш и срцето на Омер ќе чука како на другите здрави деца.
Извор: Алсат-М