- Член од
- 30 декември 2005
- Мислења
- 1.190
- Поени од реакции
- 5
Жените кои патуваат со метро во Рио од понеделникот имаат свој розев вагон, наменети само за нив, за да се избегне пипкањето и другото сексуално малтретирање. Сојузната бразилска држава Рио де Жанеиро минатиот месец донесе закон според кој и метрото и надземната железница ќе имаат посебни вагони за жените во работните денови кога има најголеми гужви. Законот е донесен поради честите жалби на жените за сексуалните напади за време на гужвите во метрото. Рио со новиот закон им се придружи на Токио и Мексико Сити.
Макфакс
Макфакс