Агата Кристи или Нора Робертс?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Единственото што го делат овие две писателки е доменот кој што го истражуваат и тематиката на нивните дела.Додека едната е модернист и пишува крими романи со нишка на футуризам, лесен стил и романсата ја концентрира во главниот лик (Робертс), другата има константен главен лик (Херкул Поаро или Госпоѓа Марпл) и приказната се движи праволиниски со благи закривувања во психологијата на карактерите т.е. ликовите.
Имаат комплетно различен пристап во раскажувањето на приказната, но и двете се доволно комерцијални и достапни за јавноста.

Енивеј, за да може да се даде одговор треба да се познаваат и двете писателки, компарацијата не ја правам помеѓу Кундера и Достоевски, затоа што писателките и двете се релативно познати за читателите и оние кои што имаат интерес за крими-романи и е практично невозможно да не сте налетале на нив.

Која ви се допаѓа повеќе и зошто?
Чиј стил ви е поинтересен, подостапен, поразбирлив?
Дали повеќе сакате линеарни приказни или површно гребење по површината на карактерите, освен на главниот лик?
Која е подобра во психолошката анализа?
Која е подобар раскажувач на „криминологијата“?
Итн ...
 
Агата Кристи е ненадминлива, не би правила јас споредба меѓу нив две. Не сум љубител на стилот на Нора Робертс, имам неколку нејзини книги прочитано и според тие повеќе би ја споредувала со Даниела Стил не со Агата Кристи.
Кристи има далеку повозбудлив стил на пишување, жената е гениј какви се убиства, сплетки, интриги и немаат текнато.Сето тоа го пишува на многу прифатлив, вистински начин, посебно внимание е обрнато на карактеристиките на ликовите, начинот на откривање на злосторството, цело време не држи во неизвесност.
Робертс ми има полежерен стил, повеќе ми е за романтични души, повеќе внимание е обрнато на романсата на главните ликови а останатото некако ми е ставено на втор план.
 
Се сложувам целосно, токму затоа и правев компарација помеѓу нив две, затоа што е повеќе од лесно да се воочат разликите и притоа да се издвои преферирањето кон стиловите и приказните.
 
Agata ima dosta knigi vo koi glavni likovi ne se nitu Poaro niti Mis Marple, jas imam edno 2-3 takvi procitano :) verojatno postojat uste :)
 
Сатори, немој вака... Тоа ти е као да го упоредуваш Паоло коељо со не знам... Оскар Вајлд. Робертс можда има јака приказна но не се споредува со mindfuck-от на Агата Кристи. Негде пишав дека бестселериве што се напишани од повеќето денешни писатели се како евтин парфем. Да, имаат некои одличен мирис, но после 3ти ден тој испарува. Додека скапиот - тој може да трае со недели.
 
Разликата во квалитетот е очигледна само за оној кој што ги читал и двете доволно за да може да ги мери нивните приказни.
Иако мене ми изгледа како добар пресек во една иста категорија.
 
Пресекот е само држењето нво неизвесност, но без остатокот тоа е само пресек. Ги имам читано и двете, и пак ќе кажам. Кога ја читам Кристи, неизвесноста тера и после прочитаната книга додека, Робертс више сум заборавил голем дел од книгата.
 
Имам читано повеќе книги од Агата Кристи и мое лично мислење е дека премногу шематски навлегува во приказните, постојаното држење во неизвесност станува досадно особено кога се повторуваат слични приказни и тематики, посебно дело што ми остави впечаток е Убиство во Ориент Експрес, некако што се одвојуваше од останатите ја читав од 13 часот до 4 изутрината.
Во принцип сакам романи со филозофска содржина, сакам кога се чуствува духот на писателот и неговата мисла, нека биде и преку ликовите или преку нараторот не е важно тоа но сакам кога книгата ми пренесува важна порака.
Инаку другата романсиерка ја немам читано се надевам дека ке дојде на листата зошто има многу поважни од неа пред неа :)
 
Јас лично мислам дека читањето книги е квалитетно исполнување на времето. Е кога сум јас во прашање како индивидуална личност обожувам загатки и мистерии, ги читам делата на Агата Кристи уште од основно и сеуште не сум престанала, ги имам скоро сите исчитано и сум воодушевена. Со нејзините дела достигнува кулминација која ретко може еден писател да ја постигне.Воедно имам читано и од Нора Робертс,но сепак гледано од мој аспект сметам дека Кристи е незаменлива. Би ги издвоила делата ,,Мистеријата на синиот воз" , ,,Неочекуваниот гостин" и уште мнооогу многу дела.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom