Koko Roko
Oh Mr. Topper!!!!!!
Во три трансакции по единствена единечна цена од 100 денари за акција вчера се истргувани 24.441 акција со право на глас односно 48,4 отсто од обичните акции во компанијата „Дојран“ АД.
Прометот со овие акции кои се тргуваа на Слободниот пазар изнесува 2,44 милиони денари и таа акција беше најтргувана на пазарот.
Дојранската компанија АД „Дојран“ е аграрна фирма со основна дејност производство на грозје, а се занимава и со производство на житни, индустриски, добиточни култури и други посеви. Оваа компанија, која според неофицијалните податоци е единствено акционерско друштво во малото погранично гратче Дојран, досега беше компанија без мнозински сопственик.
Според официјалните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност дури 95 отсто од акциите со право на глас беа сопственост на 532 домашни физички лица. Ова покажува дека фирмата била во сопственост на ситни акционери односно сегашни или поранешни вработени лица.
Другите 5 отсто од акциите се во сопственост на две домашни правни лица.
Единствената цена по која е истргувана таа акција изнесува 100 денари што е само една третина од нејзината номинална вредност која изнесува 5 евра. Но пазарната цена можеби и не е толку ниска со оглед на тоа што загубата на таа компанија за 2009 година изнесува 3,6 милиони денари, а нејзините приходи за таа година изнесуваат 4,87 милиони денари.
Мк Фондови