Спречување злодела со читање на мислите

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
sprecuvanj.jpg
Тајната на мисловниот процес се обидуваат да ја протолкуваат и умовите од прочуениот Макс Планк институт. Екипата во своите испитувања користела скенери со висока резолуција, за да се одреди линијата на активности која подоцна се претвара во јасни мисли и открива што лицето планира да направи.
Се смета дека ова е прв пат научниците да успеваат да читаат мисли на овој начин.
Употребата на скенер овозможува да се види види целиот мозок и прочитаат информации кои гледајќеи однадвор не е можно да се добијат. “Тоа е како да барате ѕид со рачна лампа на кој ќе запишете информација” коментира Џон Дилан Хијназ од Макс Планк инстирутот за хумана и когнитивна наука во Германија, кој водел истражувања во соработка со колегите од Оксфордскиот и Лондонскиот уневерзитет.

Во тек на испитувањето, научниците барале од доброволците да се одлучат како ќе ги соберат или одземат двата броја кои потоа ке ги прикажат на екранот. Пред да се појават броевите на екранот и овде во испитувањата исто така е користен скенер со техника на магнетна резонанца. Научниците, потоа употребиле програм кој регистрира суптилни разлики во мозокот врз чија основа може да се предвиди намерата на испитаникот со 70 % прецизност.

Испитувањата откриле трагови на активност во еден дел на мозокот кој се вика медијален префронтален кортекс. Повеќето неуробиолози со внимание ги прифаќаат овие резултатаи и сметаат дека сеуште не може да се зборува за читање мисли кај луѓе, но така брзо се напредува и многу брзо ќе може во извесна мера со сигурност да се одреди дали некој измислува или навистина има намера да изврши некое злодело
sprecu1294069392.jpg

Тие се надеваат дека во блиска иднина ќе успеат да развијат систем кој ќе ја анализира мозочната активност, откривајќи планирани злодела пред да бидат сторени. Напредни верзии би можеле да читаат сложени мисли и да ги издвојат пред особата да стане свесна за тоа.

Научниците уверуваат дека техниката ќе оди понатаму и ќе има можност да бидат испитани намерите, мислите, надежта и чувствата. Нешто од ова ќе биде пожелно и ќе помогне во образованието и дијагностицирање но, треба да се размислува за етичките прашања—вели професорот Колин Блекјмор, неуробиолог и директор на Медикал Ричрс Каунсил. Со други зборови, овие техники стануваат стварни и затоа професорот Џон Дилан Хејниз од Макс План институтот укажува на тоа дека се потребни етички оквири за нивна употреба, како не би биле еден ден изненадени што се тие може да направат. “За неколку години тоа ќе дојде, а ние мора да бидеме спремни”, вели тој.
 
Употребата на скенер овозможува да се види види целиот мозок и прочитаат информации кои гледајќеи однадвор не е можно да се добијат. “Тоа е како да барате ѕид со рачна лампа на кој ќе запишете информација” коментира Џон Дилан Хијназ од Макс Планк инстирутот за хумана и когнитивна наука во Германија, кој водел истражувања во соработка со колегите од Оксфордскиот и Лондонскиот уневерзитет.
лажго, не се има запознаено со главниот. :)
http://en.wikipedia.org/wiki/Facial_expression
Таа е науката која е најпрецизна кај откривањето на лагите.

Научниците, потоа употребиле програм кој регистрира суптилни разлики во мозокот врз чија основа може да се предвиди намерата на испитаникот со 70 % прецизност.
Ништо посебно.
Значи, најмалата грешка, може да биде најогромната.
Најголемите психопати не може никој да ги анализира.

Едит: Извини ask1o0o, али овие копираните статии од илузионист повеќе не ми се по ќејф. појма неам зошто. :kesa:
 
Стара тема, да srcee, се сложувам, Minority report фаќа добар дел од поентата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom