- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434

Боби Фарел,единствениот машки член на популарната група од седумдесеттите Boney M, е пронајден мртов во хотелска соба во Санкт Петерсбург,Русија.
Причината за смртта на 61 годишниот пејач сеуште не е утврдена,но неговиот агент тврди дека се жалел на тешко дишење пред и по неговиот настап во Русија вчера.
Фарел требало за Нова година да настапува во Италија.
Фарел честопати во својата кариера беше под удар на критиките,па дури и продуцентот на групата кој го пронајде Франк фериан призна дека тој,а не Фарел,ги пеел машките вокали на песните на Boney M.Но,настапите на Фарел и неговите специфични танцувачки способности даваа печат на групата.
Во приватниот живот Боби фарел во беше женет со поранешен модел од Макеоднија,Јасмина,со која има две деца.Во неговата биографија пишува дека падовите во неговата кариера имале ефект и врз бракот кој подоцна бил поништен.
Популарната диско група Boney M беше хит во седумдесеттите,а се распадна во 1986 година.Нивните хитови „Daddy Cool“ и „Rivers of Babylon“ не се забораваат.
извор:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=102&egId=19&eventId=69281
уште една музичка легенда ,па да се подсетиме