Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Тажен ден за македонскиот спорт. Почина најдобрата македонска пливачка на маратонски патеки, своевремено најдобра пливачка во тие дисциплини, великанот на македонскиот спорт, Атина Бојаџи.
Бојаџи во текот на својата богата кариера била државен првак во неколку дисциплини, а нејзиниот најголем успех е препливувањето на каналот Ла Манш, кога на 9 септември 1969 година кога стана првата дама што успеала го забележи овој подвиг, а делницата ја минала за 13 часа и 20 минути.
Нашата легендарна маратонка била светски шампион во далечинско пливање, а во текот на својата кариера има неколку триумфи на Охридскиот маратон.
Во 1998 година Бојаџи го добива признанието великан на македонскиот спорт што го доделува Македонскиот олимписки комитет, а две години подоцна во изборот на Утрински весник е прогласена за спортист на векот во нашата земја.
Извор
Атина Бојаџи е апсолутна ѕвезда на маратонското пливање. Родена е во Охрид на 11 март 1944 година, во семејна куќа на самиот брег од Охридското Езеро. Уште на 11 години ги држи македонските рекорди на кратки патеки во сите дисциплини, во слободен стил, делфин и грбно пливање. Двапати светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година ќе ги скроти брановите на патеката Капри - Наполи за да стане светски првак на солени води. Во истата година прави и еден опасен подвиг. Маратонскиот пекол на патеката Саида-Бејрут ќе го започнат 25 пливачи, а само двајца ќе допливаат среде страшно невреме - Атина стигнува незапирливо на целта. Врв на нејзината кариера е Ламанж, покорен на 9 септември 1969 година. Беше тоа единствената жена од Балканот што ги преплива темните води на престижниот сон на секој маратонец. Таа епопеја во Југославија прерасна во мит со филмот “Исправи се Делфина” (1975) на Александар Ѓурчинов, со култната Неда Арнериќ во главната улога. Пливачката кариера ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда”, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес. Во октомври 1991 година се враќа во Сараево за да стане селектор на босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб “Босна”. Тогаш не ја насетува војната, но судбински ќе ги доживее ужасните сараевски зими, беспомошно сама и понижувана. Во студен јануарски ден 1994 година, со помош на потплатен унпрофорски офицер, го напушта Сараево, минувајќи преку фронтот на српската страна, со надеж дека конечно ќе го види синот. Следат кошмарни месеци на истрајување. Дури во летото 1994 година доаѓа во Македонија како почесен гостин на Охридскиот маратон. Претседателот Киро Глигоров ја убедува дека конечно се вратила дома. Од 1996 година ќе стане спиритус мовенс на организацијата на маратонот во Охрид, а подоцна и генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија. Иако материјално ненаградена од државата, во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година весникот Утрински ја прогласува за спортист на векот. Атина Бојаџи е метафора за успех, но и парадигма за истрајување. Од блескавите врвови на славата до морничавите удари на војната и човечката завист, таа помина маратонска патека за да биде денес морален шампион над сите животни бури. Живее во крајна скромност во Скопје. Ретка легенда на некогашна Југославија, а по малку оставена од своите во Македонија.
Нека почива во мир.