We Have Snow - Попова Шапка (за љубителите на снежните спортови)

  • Креатор на темата Креатор на темата WeHaveSnow
  • Време на започнување Време на започнување
За високите цени и ние сме свесни, но цените ги одредува ЕЛЕМ (во чија сопственост е скијачкиот центар). Се трудиме на гостите да им понудиме најповолни цени и услови според нашиот стандард.

Од пред 3 дена функционира и Live Camera од Попова Шапка (camera.saraski.com.mk) со преубав поглед на Церипашина.
 
Цените се ужас и на Маврово и на Шапка за фидбекот. Се сложувам со Ејсид, Варна е премногу блиску за да бидам толку очаен да одам на Шапка или Маврово
 
Од пред некоја година дојде тренд кај нас скијачките центри, Маврово и Шапка да се полнат со албанци и косовари, исклучиво богата клиентела. На газдите ова им одговара бидејќи имаат далеку поголеми заработувачки.
Факт е дека скијањето кај нас е и повеќе од луксуз, а дотолку цените се спуштат.. стазите ке бидат преполни, а ако тргнеме од тоа што нашиве центри немаат капацитет за многу луѓе, ке настанат гужви и богативе ке си отидат.
 
Гледам на Instagram српските актери Милош Биковиќ, Виктор Савиќ и Александар Радојчиќ биле на бордање на Шапка.

Јас не сум по скијање нити бордање ама како малав кратко идев во ски школа. После тоа никогаш повеќе не сум се скијал.
:icon_lol:
 
Кај може да се информираме за моментална ситуација на Шапка?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom