Оци или попознат како “Снежниот човек“ кој беше пронајден на Алпите во септември 1991та година, а живеел пред 5,300 години, се одмрзна и ќе биде пренесен во Шведска каде медицински експертски ќе извршат испитувања врз него.
Мумифицираниот човек од камено време неодамна беше одмрзнат, со цел, меѓу другото да биде испитана и бактериолошката флора во неговиот стомак.
Експертите се надеваат дека резултатите од испитувањата ќе бидат од помош во напорите за изнаоѓање нова антибиотика која ќе може да ги напаѓа резистентните бактерии, пишува шведскиот дневен весник “Свенска дагбладет“.
Пред две недели шведскиот молекуларен биолог Аника Фахлен започна ДНА-анализи на стомачните бактерии на “снежниот човек“. Првите резултати се ветувачки.
Бактериолошката флора на Оци е толку добро сочувана, така што со модерна техника ќе може да се дојде до заклучоци околу видот на бактерии што биле во неговиот стомак кога настапила смртта.
– Изненадена сум од фактот дека неговата бактериолошка флора е навистина добро сочувана, со оглед на тоа дека трупот е мошне стар, но тоа е така затоа што Оци бил замрзнат. Ќе можеме да ја споредиме бактериолошката ДНА на Оци со една дигитална база и на таков начин да ги идентификуваме бактериите што биле во неговиот стомак, вели Аника Фахлен.