соработка со државните фирми - правен аспект

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Пред оваа вест :
Со кривична пријава и со раскинување на договорот со фирмата „Хацат“, која подготвува храна за болните на скопските клиники, заврши завчерашната одисеја со доцнењето на појадокот за повеќе од 1.000 пациенти.

- На вонредна седница на Владата заклучивме дека не смеело да се загрозува здравјето и животот на пациентите, за кои мора да има храна и во време на елементарна непогода. Решивме да биде раскинат договорот и да биде поднесена кривична пријава спрема фирмата „Хацат“ поради непочитување на договорот. Се чини дека таа планирала да уценува - рече вчера министерот за здравство Бујар Османи.

На прашањето, како можело да се дозволи долгот спрема фирмата да достигне еден милион евра, а „Заеднички служби“ цели шест месеци да не и' префрлат ниту денар на „Хацат“, Османи одговор:

- Долгот треба да се врати, ако треба и по друг пат, но никако не смеело да се прекине со доставувањето храна. Фирмата „Хацат“ писмено ја известила „Заеднички служби“ дека ги одбива порачките на оброци за болните за утрешниот ден. Тогаш мораше да ангажираме друга фирма од Градската болница за пациентите да не останат без храна.

Од фирмата „Хацат“ вчера изјавија дека храната завчера била подготвена за болните, но кога требало да почнат да го испорачуваат појадокот, комбиња од друга фирма веќе биле паркирани пред клиничката кујна.

- Со месеци баравме огромниот долг да ни се исплати, но немаше никаков одговор. Веќе не можевме да продолжиме да работиме на овој начин, па ги известивме Владата и Министерството за здравство. Не знам од каде биле набавени кифлите и колку тоа се коси со ХАЦЦП-стандардите - изјавија вчера од „Хацат“, кои и во наредните четири месеци ќе продолжат да ги приготвуваат оброците за болните, по што ќе се бара друго чаре.

Османи вели дека или оваа дејност ќе ја преземе „Заеднички служби“ или секоја клиника сама ќе набавува храна за болните.

- Мора да се најде одржлив начин на финансирање во здравството и во тоа треба да помогнат и новинарите, а не само да критикуваат. Се бараат нови лекови и модерна опрема во болниците и на клиниките, а за сето тоа се неопходни повеќе пари - додаде министерот за здравство.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=365911695514E24ABD1F3FB042A3D479


Слушав бајаги да не кажам хорор гласини дека во соработка со институциите, дека не се плаќало, дека им се заканувале, дека редовно секоја година фирмите за снабдување од храна до пенкала и тоалет се мењавале и завршувале со долг од владата кон нив од минимум илјада евра , дека им давале компезација во вид на разни продукти кои ако се пресмета со продавањето нивно минимум губеле по 10 посто итн. Искрено не верував сметав на толкав буџет дека ќе се платело барем нешто не сум ни сигурен колку и се вистинити како и да е.

Сега го читам ова и гледам дека власта на вонредна седница изгласано е да се поткрене кривична против фирма која со месеци ги моли да им се дадат парите. Ме интересира чисто правно- технички можат вакво нешто да изведат ? Ако власта утре понуди на некој соработка со неа на бизнис план дали да одбие и да бега колку што го држи нозете бидејќи нема никаква гаранција дека ќе биде платен ниту правен лек да се земат парите ?
Или пак има?
Правници ваше мислење?
 
Ако немаш дебели врски а имаш фирма немој да се заебеш да работиш со државна институција. Јас во сите фирми каде сум работел што соработувале со министерства или не дај боже собрание имале проблем, пред се со наплата. Нормално е со месеци да се доцни со плаќање.
 
Сега го читам ова и гледам дека власта на вонредна седница изгласано е да се поткрене кривична против фирма која со месеци ги моли да им се дадат парите. Ме интересира чисто правно- технички можат вакво нешто да изведат ? Ако власта утре понуди на некој соработка со неа на бизнис план дали да одбие и да бега колку што го држи нозете бидејќи нема никаква гаранција дека ќе биде платен ниту правен лек да се земат парите ?
Или пак има?
Правници ваше мислење?

Да покрене власта кривична постапка против фирма само затоа што фирмата си ги бара парите за услугите кои ги извршила е нелогично и од старт ќе биде отфрлена таа пријава. А може да се фатат за глупост некоја дека фирмата наводно работи незаконски или слично (шпекулирам ова сеа), па така да пробаат да избегнат плаќање, мада и тоа не ми се верува. А иначе од мое и искуство на други луѓе, факт е дека државата никогаш не плаќа на време, секогаш доцни по година дена. Нормално дека има начин како да си ги добијат парите, една тужба и завршена работа, ама проблемот е што ниедна фирма не сака да ја тужи државата, зошто со тоа сам се осакатува, ќе биде бележан, ќе си има проблеми со инспекции и никогаш нема да добие државен тендер или било која друга работа за државата, а знаеме кај нас, највеќе плаќа државата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom