Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак, this is Chelsea.

Меѓутоа немој да се лажеме дека победава е заслужена.
Победија ради Палмер што влезе во God Mode и псж што си влегоа во Amateur mode.
Многу не потценија, медиумите беа ептен влезени во наративот дека сме слаби и псж се најдобар тим во светот и мислам дека имаше конта ефект за нив а најдобриот ефект за нас.

Според мене пак сме топ4, ништо повеќе. Трето место макс.

За да одиме погоре, мора, ама мора да имаме барем еден класа стопер и класа голман.

Џабе е се што прават напред и во средина кога немаме стоперско дуо назад, па дури и еден класа стопер да земат. Ок стопери имаме. Ок се, максимум треба да се замена за тим како Челзи. Толку.

Исто и голманот. Никаква консистентност, знаеш дека секој момент може да ја посере. Ок, имаше една одлична одбрана во финалето ама тоа се очекува од класа голман. Не се очекува да има птсд секогаш кога ќе ја фати топката.

Исто така не знам зошто се форсира толку Лавија кога го имаш Сантош во составот.

Mарк Гиу, Миленкович е добар, Ван Хеке (да си продолжи традицијата со Брајтон), Ботман... овие само од ПЛ може да си земат еден и да не се замараат.

Aјде, можеби сакаат да остават нешто и за другите.

Се надевам на интересна сезона.

Пак ќе кажам, сепак this is Chelsea :D
 
Не би кажал дека е заради еден играч, очигледно беше дека тактички одлично беа спремени. Особено прво полувреме.
 
Od prva minuta gi unistija i im ja izvadija sekoja slabost, slucajno tolku prostor ne se otvori od nikade. Mnogu dobra priprema i analiza zq PSG od Maresca, duri i ona koga izveduvata i srede i rokaat u protivnicki tim za da igraat odma presing, Reece odma im ja vrati do Donaruma, znaea nasive do najsitni detali kako igraat i gi ubija prvo poluvreme, vtoro kontrola.
 
Меѓутоа немој да се лажеме дека победава е заслужена.
Ова ни најголемиот хејтер на Челзи не би го пишал, ако го гледал натпреварот (y)
 
Ова ни најголемиот хејтер на Челзи не би го пишал, ако го гледал натпреварот (y)
Oк, да, лошо се изразив можеби.

Не е дека е незаслужена, ептен добро изиграа, маестрално. Мареска го победи Енрике на тактички план што беше најголемото изненадување.
Нашите играчи ги над(т?)трчаа и ги надиграа во секое поле играчите на псж.
Палмер ги скина, Ензо и Каиседо истурија се во средина, Педро исто како за нов, Џејмс исто така изигра страшно како 6ка, Кукурела беше одличен на неколку контри на псж, Нето супер, Густо исто супер, Санчез за чудо одличен.

Поентата ми беше дека ПСЖ ептен лагано влегоа во натпреварот и изгледаше како и да не се замараат толку. Ептен беше чуден натпреварот.
 
Па не би рекол дека не се замараа ПСЖ. Челзи влезе премногу добро во натпреварот, секој можен детал им беше смислен како што треба и ги изненадија. Не им дозволија на ПСЖ да ја играат својата игра, а во второ се виде и нервозата кај нив, кога сфатија дека нема назад. Се ова е кредит на Челзи, а не дека ПСЖ не биле добри. Ептен јасно се виде дека се спремиле за натпреварот на најдобар можен начин.
Сигурно би го ставил ова во топ 5, па можеби и топ 3 перформанси на Челзи општо. До толку беа добри. И имаше се. Видовме одличен напаѓачки фудбал, видовме одлична дефанзива, прљава игра во граници на дозволеното, баш се.
 
Oк, да, лошо се изразив можеби.

Не е дека е незаслужена, ептен добро изиграа, маестрално. Мареска го победи Енрике на тактички план што беше најголемото изненадување.
Нашите играчи ги над(т?)трчаа и ги надиграа во секое поле играчите на псж.
Палмер ги скина, Ензо и Каиседо истурија се во средина, Педро исто како за нов, Џејмс исто така изигра страшно како 6ка, Кукурела беше одличен на неколку контри на псж, Нето супер, Густо исто супер, Санчез за чудо одличен.

Поентата ми беше дека ПСЖ ептен лагано влегоа во натпреварот и изгледаше како и да не се замараат толку. Ептен беше чуден натпреварот.
Значи Челзи се супер изиграл и перфектно ама само ради тоа што ПСЖ им дал.
Дај легни си, попладне е, дремни малце. :D
 
Ако целокупно не изигра тимот добро џабе индивидален потег и постигнат гол.
Ете во минатото Дрогба знаеше да реши финале со мајсторија ама мајсторија е и да се задржи колективна дисциплина, концентрација и енергија во цел натпревар.
Челзи токму тоа го имаше во финалето плус и беа мотивирани до макс можеби баш заради тоа што сите ги отпишаа.

Напредок дека има има, само се надевам дека Мареска ја научи лекцијата од лани и нема да ги прегори играчите уште во ноември.
Тимот има ширина сега, ќе треба сега да се продадат неколку играчи и ете ако може уште некој да се донесе а да не биде онака колку да се купи супер.
 
Made in Cobham.​

Иднината е светла, има интересни имиња од кои најверојатно најпознати се Ибрахим Рабај, Реџи Волш кој дебитираше за првиот тим во прошлата сезона во Конференциската лига, Исаго Силва синот на Тиаго Силва и уште други талентирани деца.

Има и можност некои од овие деца да ги гледаме и во претсезоната против Милан и Баер Леверкузен, целосната листа е во твитот подоле.

Значи Челзи се супер изиграл и перфектно ама само ради тоа што ПСЖ им дал.
Дај легни си, попладне е, дремни малце. :D
Па така ми изгледаше на мене.
Челзи изигра многу добро колективно (плус Палмер растури), тактички беа надиграни и на тоа додај дека псж излегоа како да немале спиено 4 денови.

Ептен ми беше чуден натпреварот, цело време дури гледавме разговарав со другарите дека ептен е чудно како лошо играат псж и како доминира со леснотија Челзи. Во се бевме подобри, буквално во се.

Не се сеќавам вакво финале некогаш да имаат изиграно. Секогаш е тешки, тврдо, со мака извадено, дали со сити, дали со баерн што се враќаа...

Ок, ми текна, ама тоа пациентите арсенал беа така да очекувано беше да ги згазиме.

Со псж никој не очекуваше вака да ги скинат. Сите мислевме дека ќе е тежок натпревар и се надевавме дека еден гол ќе ја заврши работата како со сити.

Во најмала рака беше интересно.

Уште им ги праќам на другари навивачи на Ливерпул, Јунајтед и посебно на пациентите што ми се за Арсенал.

И да, мора да се каже Фала Артета за Мадуеке, ако можеш и синот на Дрогба ЏАКСОН да го прибереш, ќе ти бидеме многу многу благодарни.
 
Сум да се земе Чави Симонс а Палмер да се игра како десно крило.
Палмер на крило е многу по креативен и опасен барем мене така ми изгледа.

А за Чалоба не се фер од клубот ако го продадат за сметка на Бадијашил и стаклениот Фофана.
Од сите штопери што се во тимот ми изгледа најстабилен.
 
Изгледа дека Симонс и Хато ќе бидат следните играчи што ќе ги купиме. Хато е потребен како замена за Кукуреља, но може да покрие и на централна позиција. На голманската позиција останува Санчез, по се изгледа нема да пазариме голман, а за централен бек се збори дека ќе се активираме после продажба на играчи. Имаме премногу играчи кои треба да ги продадеме.

Нкунку, Феликс, Стерлинг, Чилвел се дел од играчите за продажба кои се на голема плата.
 
Не знам кај го планираат Симонс да игра а интересен играч делува.
Хато не го знам што играч е ама пошто доаѓа од холандска лига, ќе го земам со резерва. Се надевам дека колку толку ќе може да го замени Куку, пошто буквално гине на терен секоја утакмица, нема кој нозе да му одмори.
 
Педро/Делап/Џексон
Гитенс - Палмер - Нето/Естевао
Ова е моменталната ситуација во напаѓачките позиции. Не го рачунам Нкунку што уште од јануари е јасно дека си оди и Џорџ и Гиу кои ќе одат на позајмица. Нормално Педро ќе може да игра и лево и место Палмер по потреба, ама после СКП верувам дека Енцо најмногу ќе го игра како напаѓач. Таман има место за уште еден играч како Симонс. Ќе игра од лево, ќе игра и 10ка по потреба. Според тоа што го видовме на СКП, формацијата доста ќе се мења од натпревар во натпревар и ќе се игра и со крилни напаѓачи наместо класични крила. Ако дојде Симонс, сигурно ќе има натпревари каде што он и Палмер ќе играат зад Педро, а бековите ќе трчаат напред по крилните позиции, наместо да инвертираат во средина. Тоа што го видовме во финалето со Палмер и Густо.
 
Шеик од Катар сака да го купи Челзи.
Понудата е испратена и бордот на директори ја разгледува.

Ова ми излезе на ФБ, не знам колку е точно .

Некој да има повеќе информации?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom