Дали Македонија е град-држава?

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Читајќи еден закон наидов на една чудна реченица која вели вака:

Системот за управување со кризи го остваруваат органитена државната управа и органите на државната власт (Собрание, претседатели Влада), вооружените сили како Армијатана Република Македонија (во натамошниот текст: Армијата), силите за заштитаи спасување и органитена општините и на градот Скопје (во натамошниот текст:општините и градот Скопје).(извадок од закон за управување со кризи)

Тоа е всушност причината која ме тера да се прашувам дали Република Македонија е град-држава според уставот,бидејќи другите градови се опишуваат како општини, или пак од некои други причини така е напишано.(и да не излезе дека имам против Скопје нешто,туку само развиваме правна дискусија и појаснение )
 
I_Lold.jpg
 
Одма ќе ти речам дека не е град-држава :). Зашто...? Затоа што територијалната поделба на цела Македонија е составена од општиниtе како посебни едiници а за градот Скопје има посебни "правила" како административен центар .Што значи, за општините во Скопје важат едни надлежности, а во целост за Скопје, како целина, други. На пр. иако Камениот мост се наоѓа во Општина Центар (како дел од Скопје), тој е во надлежност на градот, или градски парк на пр. итн. :)
 
Благодарам за појаснувањето...а овие што шљапаат глупости со надеж дека некој ке им стави зеленко нека не се чудат кога ке дојде до забуна во читањето на законите,нема појаснето ништо,а во иднина ке знаат да одговорат на ова бунило...
 
Да се надоврзам на она погоре со линкови одредени официјални документи, ако ви затребаат. Скопје како посебна единица на локалната самоуправа е организиран согласно Законот за град Скопје, административната поделба на Македонија е според Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија од 2004. Според овие закони, во состав на градот Скопје влегуваат 10 општини. Според Систематскиот список на општини и населени места во Република Македонија (врз основа на Законот за тер. поделба на Република Македонија од 2004) во состав на градот Скопје влегуваат повеќе селски и градски населени места (поточно ќе ги видите означени во списокот со г и о до Шуто Оризари).
 
Па ако гледаш законски, не е.. меѓутоа ако гледаш у пракса.. па и тоа е.. лош модел се направи,многу лош, све е сконцентрирано у Скопје, целиот капитал е у Скопје, се се гради у Скопје
другите градови почнаа да замираат,најсериозно
 
Ако збориме за поставеноста на општините и регионите, прво Скопје лошо што воопшто е поделено на (првин 5 па 7 па сега 10) општини. Големи се проблемите на граѓаните кои не можат да си ги решат, посебно ако треба да се изведе зафат (струја или водовод) меѓу 2 општини. Исто и со одговорноста која си ја префрлаат едни на други (дали е улицата на градот или на општината, кој ја одржува, чисти...). Требаше да биде една општина-населено место и крај на маките (и недоброто функционирање на некои локални единици).
А за развојот...само се продолжи со политиката на СФРЈ (иако тогаш колку толку имаше некое стопанство низ другите општини). Се проба со Агеннцијата за поддршка на развој на земјоделието да се стационира во Битола, но некако...остана само на тој обид. Се можеше Мин. за земјоделие да го лоцираат во струмичкиот регион, за култура можеби Битола (традиција, што знам...), зборам напамет, но дефинитивно можеа барем државните органи да ги распоредат низ државата, а со тоа да се деконцентрира населението од Скопје и да се обогатат (вработување, смештај, потрошувачка...) и другите општини. Вака е стварно тапа со концентрација воглавно во едно место.
 
Одма ќе ти речам дека не е град-држава :). Зашто...? Затоа што територијалната поделба на цела Македонија е составена од општиниtе како посебни едiници а за градот Скопје има посебни "правила" како административен центар .Што значи, за општините во Скопје важат едни надлежности, а во целост за Скопје, како целина, други. На пр. иако Камениот мост се наоѓа во Општина Центар (како дел од Скопје), тој е во надлежност на градот, или градски парк на пр. итн. :)

А...извини...не важи ова само за градот Скопје. За сите поголеми градови важи ова. Општина Битола - Градот Битола. Само што законски ова не е вметнато.

Сакаш доказ?

Кој е втор најголем град во Македонија? Трик прашање е btw, токму заради дебилната логика на изготвувачите на овој закон.
 
Важи VW, за Скопје има посебен закон, ваљда ради сложеноста (сите градски населени се у една општина, само Скопје се протега низ 10). Тука се заебанциите за граѓаните, не можеш крај да им најдеш на административните и комунални проблеми.
ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ
“Сл. весник на Р Македонија” бр.55/04 од 16.08.2004 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува организацијата на градот Скопје, како посебна
единица на локалната самоуправа (во натамошниот текст:градот Скопје),
надлежностите и финансирањето на градот Скопје и на општините во
градот Скопје, употреба на јазиците на заедниците во градот Скопје и во
општините во градот Скопје, соработката меѓу градот Скопје и општините
во градот Скопје, како и други прашања од значење за градот Скопје.
 
Тоа де...посебен закон за град Скопје. Државата е поделена на градот Скопје и општините. Со тоа титулата градоначалник на град Скопје е хиерархиски над останатите градоначалници во цела Македонија. Има ли логика во тоа?!
 
Нема, затоа странци го ставија као предлог за име, затоа други места не напредуваат...и затоа се темите за скопјани :) а не би требало пошто се среќаваме со исти секојдневни проблеми. Стварно, не знам зашто е вака поставено, дали по терк на други држави (како ли е у Вашинготн ДЦ на пример, дали е слично убер алес/над сите?)
 
Хм... навистина интересно ова со хиерархијата- градоначалници на општини во Град Скопје и градоначалник на Град Скопје.
Туку ме интересира, кој го читал Законот, има ли разлика во ингеренциите на градоначалниците со овој на Скопје? Да не е можда само маскота која го претставува Градот како едно? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom