Дебата : Влијанието на корупцијата врз животот на младите

  • Креатор на темата Креатор на темата FeliXxX
  • Време на започнување Време на започнување

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Локација
Штип
Ваши мислења за тоа како влијае корупцијата врз животот на младите.

Колку таа има удел во градењето на општеството и колку корупцијата го диктира успехот на поединците кои ја користат?
 
нема ли никој ?
За темата еве ти мое мислење препишувај :) :

Корупцијата во бирократскиот апарат не е од вчера туку уште од времето на социјализмот. Уште во 80 тите нашите родители и баби и дедовци морале да дадат кафа, ракија и бакшиш за да пројдат полесно и побрзо низ здраствениот систем . Со тек на време корупцијата започнала да се зголемува и во цена и по фукнција од обичните бакшиши нараснале во цена од цели плати.
Толку време живееме во корумпирано општество што станало дел од културата и мудроста која ја пренесуваат нашите родители врз нас во облик на никогаш не му пререкувај на докторот и секогаш прашувај колку бакшиш.
Уште мали нозе ни е јасно дека и за бесплатно возење во автобус треба да го познаваш возачот. Влијанието на корупцијата ја уништи креативноста и претприемаштвото во младите луѓе . Фактот дека за 250 места во администрацијата се пријавија 2500 млади луѓе зборува многу. Фактот што повеќето млади сакаат да се вработат во администрацијата која носи освен голема плата и влијание за разлика од својот сопствен бизнис кажува до која мера корупцијата влијае. Знаат дека бизнисот ќе им е затворен од разни инспектори и ќе бидаат малтретирани за секоја ситница. Корупцијата во нашево општество е толку долго време што веќе нашите млади не споменуваат првин овде ќе видам дали ќе се снајдам па после ќе видам во странство, туку одма после диплмомирање од средно се бараат стипендии за во странство или пак работа за во странство. Она што вели моите имаат средено - е килаво и сакато.
Корупцијата на крај од нашите млади ги претвори во сусштества налик на голум кој не знаат ништо повеќе освен игри и манипулации за да се осетат себереализирано бидејќи другиот начин преку работа одамна прекина да биде опција .
Помага?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom