Златен гонг-2010

Статус
Затворена за нови мислења.

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до сабота ќе се одржат борбите од 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.
Свеченото отворање е закажано за 18 часот и 30 минути. Претходно од 14 до 18 часот ќе започне првата половина од четврт-финалето, а по Свеченото отворање до 22 часот е планирано да траат преостанатите четврт-финални мечеви.
Полуфиналните борби се закажани за утре со почеток во 17 часот, а финалните натпревари ќе се одржат в сабота на 13 ноември на Денот на ослободувањето на Скопје со почеток во 15 часот.
Награден фонд изнесува 10 илјади евра. Победниците во полуфиналните борби ќе добијат по 200 евра, во финалните по 400 евра, а освојувачот на трофејот „Златен гонг“ ќе добие парична награда од 1.000 евра.
Влезот ќе биде бесплатен сите три дена.
 
Требале негде да пишат дека е аматерски бокс. А ја па се израдував да видам про бокс у македонија.
 
Рускиот боксер Максим Газизов го освои трофејот „Златен гонг“, откако попладнево во категоријата до 75 килограми со 5:0 го победи кубанскиот претставник Емилио Кореа во најатрактивната борба од десетте финални.

Дваесет и шестгодишниот Газизов освен трофејот доби и парична награда од 1.600 евра (200 за победата во полуфиналето, 400 за победата во финалето и 1.000 за освојување на гонгот).Македонските боксери имаа половичен успех во финалето. Примислав Димовски беше подобар од Србинот Горан Деспотовиќ и со 3:0 на поени го освои златниот медал во супер тешка категорија (+91 килограм).
- Задоволен сум од победата и од прикажаното на турнирот. Очекував победа во денешниот меч и, како што видовте, не му дозволив на противникот да освои ни еден поен, а така беше и во полуфиналето. Ќе продолжам со работа. Моја желба е настап на Олимписките игри во Лондон 2012 година, изјави Димовски веднаш по финалната борба.
Примислав Димовски, кој по петти пат победи во својата категорија, на овој турнир беше прогласен за најдобар техничар.
Вториот македонски боксер, кој учествуваше во финалето доживеа пораз. Ибраим Мустафи во категоријата до 60 килограми го предаде мечот уште во првата рунда на Русинот Семен Гривачев.
Најуспешна нација на јубилејниот „Златен гонг“ кој за првпат се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беа Кубанците со пет златни медали, Русија освои две злата, а по едно злато освоија Македонија, Албанија и Црна Гора.
 
некако глупо беше бодувањето направено, наместо да ги запишуваат поените на ливче, ги стегаа на тастер, требаше сите 3 судии да притиснат на тастерот за да му се доделат поени на боксерот, некако тоа беше неубаво иначе ок беше организацијата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom