073 ќе биде префиксот на четвртиот мобилен операртор во Македонија. Холандската телекомуникациска компанија WTI купи од Агенцијата за електронски комуникациии 100.000 броеви што ќе ги пушти со новиот повикувачки број. Со тоа и официјално влезе на телекомуникацискиот пазар како виртуелен мобилен оператор. Ова практично значи дека WTI ќе биде четврти мобилен оператор кој ќе пружа телефонски услуги, но нема да гради сопствена инфраструктута, Ќе треба да склучи договор со еден од трите постојни оператори Т-Мобајл, ОНЕ или ВИП за користење на нивната мрежа. Вториот по големина мобилен оператор во земјава засега не планира да ја отспати сопствената мрежа.
Влезот на WTI како четврти виртуелен мобилен оператор доаѓа откако пред точно една година, како што тогаш објави алфа, Владата донесе одлука за засилување на конкуренцијата, а пред неполни два месеца се упати повик до странски компании дека на македонскиот телекомуникациски пазар има простор за нови играчи. Тогаш, постојните мобилни оператори не го делеа мислењето на Владата и реагираа дека пазарот е заситен.
Извор Алфа тв