Превисоките цени

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Темава не ја сфаќајте како анти-реклама на некои кафичи, дискотеки и сл.
Само би сакал да подискутираме за високите цени.

На кое место се највисоки?
Колку изнесуваат истите?
Во кој град цените се највисоки, а во кој најниски?

Како да се промени сегашната ситуација?
 
Начукај се дома ако ти се скапи и во кафичот едно пиво доста ќе ти е за една вечер :)
 
Највисоки досега што имам плаќано во Скопје и Охрид што донекаде е разбирливо.
Најниски пијачки имам плаќано во Македонски Брод (40 денари коњак, водка... 50 сечени...50 пиво...) и Кичево за 10 денари повиски.

Кој зошто си ги става високите цени не му се мешам во бизнисот, не е едино место, а да се смени засега може ама да се зголемат цените(така стои работава).
 
Уф викенодв се погоди со темава.Во Даблинер паб на кеј џин е 150 денари,на ваква цена во Скопје немам налетано.И 100 денари швепс.
Кога дојде сметката на крај ќе се превртев од стол.
 
Не сум 100% сигурен, али мислам дека во Македонска Каменица жестоките пијалаци се по 30 денари, а сечени 40. Пиво беше 50 или 60.
Во склоп на муабетот. Ај пишете кај има најевтини цени на пијалаци во Скопјево? Од јас што имам приметено, во Cool & Continent во ГТЦ жесток пијалак е 80, што и не е нешто посебно скапо. Негде поевтино дури и од ова?
 
Начукај се дома ако ти се скапи и во кафичот едно пиво доста ќе ти е за една вечер :)

Па во принцип, скоро сите така праат.
Не е до парите, без разлика колку имаш битен е проводот.
 
Многу прост пример : одиш во кафич, диско, клуб во земја каде стандардот е просек 1500 евра и плаќаш за пијачка 3-4 евра, овде каде стандардот е мизерни 250 евра плаќаш 2 евра за кафе и уште 3 евра за жестоко! И ај сега...не ебат како ќе стигнат.
 
Абе 300 денари ви е кило коњак, нека не ве лажат ко џупчина мрсулај, 100 денари за пијачка едино за коктел имам дадено, се друго стандард во ПП (поточно Апореа) 60 Даб, 80 Туборг, 70 микс жестоко.
 
Абе 300 денари ви е кило коњак, нека не ве лажат ко џупчина мрсулај, 100 денари за пијачка едино за коктел имам дадено, се друго стандард во ПП (поточно Апореа) 60 Даб, 80 Туборг, 70 микс жестоко.

Во продавница негде го шиткаат за 400 + - некој денар ...

На кафичите им го имам продавано по 230 ден флаша или 250 ...

Набавна цена е 180 ден ..

(збориме за обичен бренди )

Вигорот и другите слични водки одеа за иста цена 230 ...

Узото 2 л 12-ка и Цантали се даваше за 400 ден ...

Џонито за под 1000-ка , па сеа ти види ќар

(цените се на големо)
 
Не може некој што инвестирал 20-30.000 евра само во гол простор и уште толку во уредување на ентериерот да продава коњак за 40,00 денари! Не може ни кафе за 40....не се занесувајте! Ако ви е скапо, тогаш има и поевтини места каде што можете да седнете...најпосле арно рече Токсикологија, бирката или ракијата од пазар па дома, така најевтино ќе поминете ако ви е до пиењето. А ако сакате да излегувате на убави места со убава раја...еее....тоа кошта шушки батиња мили, не го научивте школото изгледа.
 
Убаво кажано , си ја плаќаш седенката + зависи колку си кошта локацијата кај шо се наоѓа објектот .

Се си е испланирано со приходи и расходи , па затоа негде кафенце има за 30-че а негде за 80-че :toe:

Едино намалување има на некој бренд , ако има промоција , спонзорство ... иначе тие се цените и нема да се сменат .
 
Не може некој што инвестирал 20-30.000 евра само во гол простор и уште толку во уредување на ентериерот да продава коњак за 40,00 денари! Не може ни кафе за 40....не се занесувајте! Ако ви е скапо, тогаш има и поевтини места каде што можете да седнете...најпосле арно рече Токсикологија, бирката или ракијата од пазар па дома, така најевтино ќе поминете ако ви е до пиењето. А ако сакате да излегувате на убави места со убава раја...еее....тоа кошта шушки батиња мили, не го научивте школото изгледа.

а што е разликата во други градови ако е пресудна цената кој колку инвестирал ?
еве пријателов горе кажува кај него тамо 80 денари турборг , кај нас туборгот е 150
еве една споредба да направам со цени кај нас и во штип ( пошто најтазе ми е пред некоја недела што бев во штип )

Штип Скопје
Скопско 70 120 ( ако го најдеш скопско )
Туборг 80 150
Џони 120 200
Јегер 100 180

за други незнам а и јадење , пица на парче 40 денари ! :) пастрмајлија 120 кафиња по 50.. дури имаше едно место по 20 денари беа кафињата као некој есенски попуст :))))

и сеа ако споредиш кафичот Angels изгледа многу подобро од многу кафичи што се во скопјево што продаваат по 200 денари пијачка а тамо е 100... али јебига
 
Angels е ок место, цените се пристојни за „елитно“ кафуле... како и да е. Инаку во Штип има кригла точен даб за 50 денара, Stella Artois за 80 во еден одличен паб/кафуле Версај позади трговски. Инаку цените во споредба со Скопје се далеку поефтини, има места кај за 30 денара имаш капучино (и тоа одлично), скопско 0.33 е 40 денара, а башка ти даваат и табла за играње :) Есенскиот попуст беше во Џез арт клуб, еспресо беше 20 денари, топло чоколадо 30, апла џабе беше.

За јадење, пастрамајлија голема оди од 120 до 150 денари, а богами од тоа јадење не мрдаш цел ден. :) Обично со тоа се пие вино, греано, чаша е скоро секаде 50 денари.
 
Прво ќе се изјаснам за кафичиве у Скопје. На кеј и на ул. Македонија не се здрави. Киријата не им расте, набавните цени на пијалоците не растат, ама затоа едно нес-кафе стана 120 денари. На Ленинова се попристојни, а најприфатливи цени (за у лето) имаат шанковите на плажа.
Е клубовите апла отишле у ку*ац поготово Колосеум. Плаќаш 150 денари за влез (значи не зборам за журки со дј-и него регулар партис) и плус пијачките се плафонски, па после се чудат зашо е се попразно и попразно и зашо имаат се помал профит. Нека се размислат шо праат па можда ќе им текне.
 
abe razbirlivo skopje i ohrid se najskapi,a do nekade i bitola ako ne se lazam
nekoj pogore napisa deka mak.kamenica e najeftino,i tokmu taka tamu e najeftino i vo vinica berovo kratovo e mislam najeftino
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom