Која раса на кучиња не ја сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Кучиња убијци - Добермани, Ротвајлери, Питбули.
Мали кучиња - Пекинезери, Чивави, Пинчери.
 
Кучиња убијци - Добермани, Ротвајлери, Питбули.
Мали кучиња - Пекинезери, Чивави, Пинчери.

Кучиња убијци ?
Доберманите, Ротвајлерите, Питбулите убиваат ?
Да, на филмовите каде што кучињата зборуваат и насилникот е Доберман, Ротвајлер или Питбул...
 
Не ги сакам Боксерите, Питбулите и некои такви слични кучиња :)
 
Питбул, Доберман, Ротвајлер, Дога, Боскер и слични крволочни створења.
 
Кучето е такво какво што ќе го научи газдата.
Инаку, не сакам долговлакнести, оти многу се митарат и треба посебна нега за влакното. ;)
 
Нема лошо куче, има само лош газда.
Инаку нема куче кое не го сакам, има само кучиња спрема кои сум мнооогу претпазлив.
 
Не сакам џукели.
 
Овожавам кучиња ама искрено ги мразам оние кичерајски кучиња како што се чивавите, пинчерите и сите оние животинчиња што ги малтретираат ги облекуваат и им прават работи кои во основа не се својствени за едно животно.
Исто ги мразам и газдите на таквите кучиња затоа што скоро сите се многу забегани мислат дека кучето сака да го облекуваат и да му купуваат патики, фустани и што уште не, не знам кога ќе сфатат дека не е тоа нормално и само заради таквите "добри" сопственици ги замразив и малите раси на кучиња.
А за разлика од членот погоре јас искрено баш ги сакам џукелите и мелезите особено уличните кучиња затоа што знаат да почитуваат и можат да се приспособат на секаква ситуација и не е точно тврдењето дека се глупави или не знам што.
Куче што успеало да преживее во еден голем град каде што никој не се грижи за него не мислам дека е поглупаво од некоја чивава која половина од животот го поминало по фризерски салони, по ветеринари и по што уште не.
 
Кучиња убијци - Добермани, Ротвајлери, Питбули.
Мали кучиња - Пекинезери, Чивави, Пинчери.
Не постојат кучиња убијци, постојат несовесни газди т.е. они се уствари убијците.
Се' што си читал и чул заборави го, тоа се митови.
 
Се согласувам со Psyside, не мора да значи дека ако кучето изгледа како убиец дека е навистина такво.
Другарка има Ротвајлер и е најмилото кученце со кое си имам играно, многу сака да се гали. Спротивно на ова порано баба ми и дедо ми имаа Пекинезер женско, не да касаше, прсти кинеше. Останато ми е во сеќавање, цело време ржеше за нешто. Се` зависи од тоа како ќе си го научиш од мало.

Кога сме веќе кај темава, не ги сакам пудлиците и сличните превлакнести кучиња, куче сакам, не јамболија :)
 
Не мразам ниедно животно особено не куче, ама за оние Чивавите - немам коментар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom