deXterche
тадаммм

Мајкрософт на големо работи на комплетирање на последното реиздание на Виндоус. Најновиот дел се вика Виста и се очекува да излезе да почетокот од 2007-ма. Уште кога беше внесено првото 010101100000110100001010 од новиот систем, акционнерите на Мајкрософт почнаа да си ги тријат рацете очекувајќи ја заработувачката од Вистата. Но што ако Мајкрософт ја исфрли Виста сосема бесплатно, иако звучи доста неверојатно сепак има неколку добри причини да го стори тоа.
1. Мајкрософт е во постојана војна со Линукс за контрола на серверите и десктоп компјутерите. И додека Редмонд се уште доминира во овие арени, сепак Линукс и останатиот слободен софтвер извојуваа неколку важни победи. Една од главните причини зошто се повеќе компании се префрлаат на Линукс не се многу подобрите перформанси на системот туку пред се ниската цена.
2. Мајкрософт може да продолжи да бара од производителите на оригинална опрема (OEM) да плаќаат за софтверот, што ќе им овозможи да генерираат значителен приход додека и понатаму корисниците ќе го добиваат софтверот бесплатно.
3. Мајкорософт може да одлучи само најниските и средните верзии од софтверот да ги дели бесплатно додека за понапредните ќе треба да се плаќа. Ова ќе дозволи секој корисник да процени дали почетничката верзија му е доволна или треба да доплати за понапредни опции.
4. Мајкрософт може да добие неочекувано засилување во војната против Епл, доколку во соработка со производителите на оригинална опрема на крајните корисници им понуди бесплатна Виста, што секако на пример би ја дигнало вредноста на останатите не-Епл емпетри плеери.
5. Ваквата пракса нема да биде шок за Мајкрософт, бидејќи и покрај се и тој знае понекогаш бесплатно да понуди некои свои важни производи, како неодамнешната акција за бесплатно симнување Virtual Server 2005 R2.
6. Паричните резерви на Мајкрософт се преполни и подготвени да ја пренесат компанијата низ можните првични проблеми од бесплатното издавање на Виста.
7. Во самата Виста можат да се вклучат и реклами кои ќе го исплаќаат секое бесплатно поделено ЦД со оперативниот систем. На пример наместо екран со Виндоус на подигањето на системот да има некое друго лого.
8. Доколку Виста биде издадена само како оперативен систем без сите придружни програми (Интернет Експлорер, Медиа Плеер и сл.) Мајкрософт може да почне да заработува на овие програми.
9. Сето ова претходно се случи но во многу помали размери, кога Мајкрософт го исфрли IE и го закопа Нетскејп. Се до појавувањето на Фајрфокс, браусерот суверено владееше со интернет просторот.