Во која земја е најдобро да се живее?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување
Ч

Чај

Гостин
Денес голем број на луѓе се преселуваат со цел да пронајдат подобар живот, економски средства итн.
Која земја според вас е најдобра за живот, почнувајќи од умерена клима до добра економски стабилна земја.
Што мислите за шведска, швајцарија,германија холандија,или норвешка? Лесно ли е да се земе државјанство, и како се живее таму? :)
 
Pretpostavuvam Skandinavia ( Danska , Norveska , Svedska , Island )
 
За мене, без трошка иронија, најдобра земја за живеење е Македонија и Балканот општо. Емоционалност, темперамент, живот... енергија... се што ми е потребно за да имам квалитетен живот.
 
На планина, да сум оддалечен со километри од цивилизацијата, да си имам се` што ми е потребно. Струја, вода, без телефони, со интернет, сателитцка, ракија, мезенце и две девојчина за по дома. То е живот кој отсекогаш сум сакал да го живеам.
 
Со една убава работичка да се има овде и арна плата, не ни помислувам каде е и дали е поубаво некаде... од дома никаде не можи да биди поубаво.
 
Со една убава работичка да се има овде и арна плата, не ни помислувам каде е и дали е поубаво некаде... од дома никаде не можи да биди поубаво.


Ова и чичкоми го рече..беше тој во Шведска ..ама луѓе..таму ем зимаш ем давачку преку глава..данок на ова данок на она..а тука со една плата од 35-6 илјадаркки вика слободно моеш нормално да живееш..
 
Во Македонија е најдобро пошто сите блиски ти се тука,и све знаеш..а кога би можел би се преселил во Кина:salut:
 
Канада е многу добро за живеење како што сум слушнал од нашинци таму.
 
Со една убава работичка да се има овде и арна плата, не ни помислувам каде е и дали е поубаво некаде... од дома никаде не можи да биди поубаво.
И ја вака би играл. Со доволно средства сегде е добро ама дома најдобро.
 
Денес голем број на луѓе се преселуваат со цел да пронајдат подобар живот, економски средства итн.
Која земја според вас е најдобра за живот, почнувајќи од умерена клима до добра економски стабилна земја.
Што мислите за шведска, швајцарија,германија холандија,или норвешка? Лесно ли е да се земе државјанство, и како се живее таму? :)

За Швајцарија не сум размислувала никогаш, во Шведска и Норвешка не сум била, но Норвешка неколку години по ред важи за земја каде најубаво се живее. Германија...Сум била, и лично би живеела таму, иако е страшно голема разлика од тука, би требало доста време за некој Македонец да се привикне таму да живее. И за крај, Холандија, земја каде што сум била неколку пати, и едвај чекам повторно да одам...Прекрасни луѓе, прекрасна атмосфера, едноставно се во суперлативи...Се функционира беспрекорно...Здравството е на многу високо ниво (смешно е да се споредува со нашето), имав можност од блиску да се запознаам со нивниот систем...Образованието исто е страшно добро...За друго не би можела многу да коментирам...Во секој случај, се надевам дека за некоја година ќе можам таму да се преселам...

А за тие што викаат дека Македонија е најдобра за живеење, очигледно е дека не прошетале низ светов и не виделе подобро...(ова важи за повеќето)
 
И јас размислувам за норвешка само незнам како стои ситуацијата за таму , а тие што викаат дека во мк е најубаво, во право е членот над мене, не виделе подобро, е сеа тоа “доброто“ секој го подразбира по инаку, некој сака цел живот до мамичка да е врзан некој сака, да види нови ствари некој пари и сл.

За македонија мислам дека е слободно само затоа што, државата не се грижи за нардот. Така да ако имаш средства да опстојуваш, ако имаш од кај да сопствен бизнис и ти оди добро може да се живее, али сепак имаме минимално здраство, проблеми со малцинства, и ред други работи да не набројувам.

А други земји што се со понапреден стандард е подобро да се живее, али нема толкава слобода како кај нас, заради што државата има грижа за народот значи не може “кој сака да си прави“и јас го оправдувам тој систем на живот зашто се развива човек во една културна средина а не како во нашата, селјачка средина.
Чист пример за тоа се помалите забаталени градови во мк.

--- надополнето ---

И исто така, не би сакала да се возам цел живот во еден голф 1 , а стандардот толку дозволува кај нас во мк, зашто да не се возам во нешто болје кога имам шанса:)
 
Канада е многу добро за живеење како што сум слушнал од нашинци таму.

Е убаво е ама работиш ко црнец и си доаѓаш во петок дома скапан ни викенд гледаш ни ништо.

Убаво е во странство, но ги нема благодетите како кај нас. Во странство можеби ќе земаш повеќе, но излегување во град сред работна недела нема шанси, слободно време после работа скоро и да се нема. Плус даноците кои се плаќаат на државите таму се големи. Еден познаник мој во Шведска отишол на работа и кога видел колку данок треба да се плати отишол кај шефот и го прашал зошто и плаќате на државата вие толку данок? Треба помалку. И го избркале наредниот ден :toe:

Најубаво е тука, можеби имаш помала плата од вработените во другите држави, но си имаш и слобода за која напоменав погоре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom