Префрлување видео содржина од VHS на HDD/CD/DVD

  • Креатор на темата Креатор на темата The Cryptkeeper
  • Време на започнување Време на започнување
Абе отиди во било кое фотостудио, веројатно ја имаат опремата. Ем ќе ја средат снимката ако е со нешто остакатени бои и слично, ем си скратил на маката. Не вреди целото тоа чекање и слично.

АМА, ако до толку сакаш сам. Ондак поврзи го видеото со тв-влезот на картицата од компјутер и земи со amcap (софтвер кој доаѓа со самата картица, а изработен од микрософт) почни да снимаш во посакувана резолуција и формат. Нема ништо специјално во тоа.
 
Од хардвер ќе ти треба видео за VHS касетите што се пуштаат и ТВ картичка или VIVO(Video In, Video Out) графичка и каблите со кои ќе се поврзува. Каблите ги поврзуваш на Video Out, S-Video, Audio Out... А од софтверскиот дел за фаќање на сликата од видеото се користеше Nero Vision, мислам.

Имаше едно туторијалче од порано за целиот процес, ќе се обидам да го најдам и постирам тука.
 
Абе отиди во било кое фотостудио, веројатно ја имаат опремата. Ем ќе ја средат снимката ако е со нешто остакатени бои и слично, ем си скратил на маката. Не вреди целото тоа чекање и слично.

таа опција не доаѓа во предвид пошто ти рачунаат 150 денари од сат на касетата а јас имам отприлика околу 10 касети економски не ми се исплати подобро сам да го направам тоа
 
Еве го најдов.
Прво ни е потребно да обезбедиме хардвер кој ќе ни биде потребен за ова. Значи ни треба видое плеер(видео или како го викате) за репродукција на ВХС и потребен ви е влез во компјутерот, а тоа можете преку ТВ Картица или графичка VIVO(Video In, Video Out) картичка, и најважно каблите со кои ќе поврзуваме.
2kfogm.png


Користете каблови кои ги имате, како обичен излез, шкарт кабел, а јас ќе објаснам со тие што ги имам
f8mdc.png


Кога веќе ја изравме потребната опрема, се префрламе на поврзувањето. Прво видео сигналот, значи каблот го поврзуваме на Video Out, на вашето видео
bgtqc7.png

2zri8mp.png


A другиот крај од кабелот го поврзувате во компјутерот во S-Video влезот
29pf5tg.png

k50viu.png


Потоа го поврзувате каблот за да има звук, едниот крај во Audio Out на вашето видео, а со другиот на вашиот компјутер
VGE39453.jpg

2mgkumt.png

2igdlb4.png


Кога завршивте со поврзувањето на видео плеерот со компјутерот, преминуваме на софтверскиот дел. Ќе користиме Nero Vision за „фаќање“ на сликата од касетата.

http://nabaci.com/images/XBj39601.jpg

Ја избираме опцијата Capture Video to HD и програмот ќе ни понуди да извршиме подесување на нашата опрема
5duzpg.png

2889m6c.png


Ги наместивме подесувањата како што ја наместивме и нашата опрема, па одиме понатаму...

Најбитно од се ни е да го наместиме квалитетот на сликата, а тоа можеме да го сториме со подесувањата како на сликата

http://nabaci.com/images/Fy139739.jpg

Кога ќе завршеме со подесувањето на сликата, го стартуваме плеерот и кликнуваме на копчето за снимање(Rec) на програмата
Rjg39801.jpg


Кога ќе завршете со снимањето само кликнувате на Stop. И пред да продолжеме понатаму бидете сигурни дека имате доста доволно простор на вашиот хард диск.

Преку овој програм (VirtualDub) ќе можеме и сниманиот филм на компјутерот од ВХС да го снимиме одма на диск, да го снимиме на компјутерот или одма да го пуштиме.

http://nabaci.com/images/yAp39894.jpg

Потоа избираме Video - Compression, и го избираме нашиот кодек преку кој ќе може да се гледа филмот.
2hgv62e.png


Доколку сакате да направите уште измени, можете да го користите програмот VirtualDub. Завшивме со сите процеси и ни остана уште само да го снимиме филмот на компјутерот, а тоа го правиме со избирањето на командата File - Save as Avi и ќе чекаме процесот да заврши

http://nabaci.com/images/Cw639992.jpg

http://i38.tinypic.com/9sdkhx.png

Тоа е тоа, Среќно!
Извор: Ит.ком.мк
 
Не најдов слична тема, имам касети стари и сакам да ги ставам во дигитален формат и да ги направам на двд шо треба да се купи или како да се поврзе ако некој знае нека повели гледав на нет дека треба конвертер од аналоген во дигитале па ако некој има искуство да каже каков е квалитетот и сл....
:нинџ:
 
Не најдов слична тема, имам касети стари и сакам да ги ставам во дигитален формат и да ги направам на двд шо треба да се купи или како да се поврзе ако некој знае нека повели гледав на нет дека треба конвертер од аналоген во дигитале па ако некој има искуство да каже каков е квалитетот и сл....
:нинџ:
Ти го префрлив мислењето во постоечката тема, се надевам дека ќе го најдеш одговорот тука.
 
Не најдов слична тема, имам касети стари и сакам да ги ставам во дигитален формат и да ги направам на двд шо треба да се купи или како да се поврзе ако некој знае нека повели гледав на нет дека треба конвертер од аналоген во дигитале па ако некој има искуство да каже каков е квалитетот и сл....
:нинџ:
Ја ко што знам, потребни материјали: Тв-картица со влез за аудио и видео кој ќе ти одговара (RCA барем), малку понов компјутер (под тоа мислам да не е пентиум четворка, нешо од барем претходнава декада (ради лаг и не синхронизиран звук одкако процесорот ќе рипне на 100ка)), видео плеер и нормално касетата.
хинт: тв-картици имаш у неоком за 300 денари, на попуст се

1. вградуваш картицата на компјутер и инсталираш драјвери
2. уклучуваш видеото во картицата
3. местиш на картицата да глеаш од видеото не да бара од антена
4. стискаш плеј на видеото и record на компјутерот и толку :D
(ова е груб план, за детален, побарај на интернет)
 
Ме интересира каде би можел да ја префрлам касетава на CD или USB. Прашав во неколку студија каде што префрлуваат, некои од нив ми рекоа дека прв пат гледаат ваква касета и незнаат каде би можел да ја префрлам.

vhs.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom