Македонија е рангирана на 38. место меѓу 183 земји во светот во најновиот извештај „Doing Business 2011“ на Светска банка.
Иако бележи пад за две позиции во споредба со претходниот извештај, Македонија е најдобро рангирана меѓу земјите од регионот. Зад неа се Словенија на 42 место, Бугарија 51, Турција 65, Албанија 82, Хрватска 84, Србија 89, Грција 109 и Косово 119.
Извештајот се прави врз основа на девет категории. Македонија во „Doing Business 2011“ бележи напредок во категориите Започнување бизнис и Плаќање даноци, во две категории Добивање градежни дозволи и Заштита на инвеститори го задржала нивото од извештајот за 2010, а полошо рангирана е во Регистрирање имот, Добивање кредити, Прекугранично тргување, Спроведување на договори и Затворање на бизнис.
Листата земји во „Doing Business 2011“ ја предводат Сингапур, Хонг Конг(НР Кина) и Нов Зеланд, а на дното се Бурунди, Централно Африканската Република и Чад.