BOJ@N
Штрумф Текнувало
На стопанството му требаат банки, не лихвари
Деловната заедница предупредува
Сојузот на стопански комори на Македонија бара Македонската банка за поддршка и развој да се стави во функција на обезбедување гаранции и валоризација на бизнисот и имотот при барање кредитит од малите и средни претпријатија наместо деловните банки.
„Деловните банки, во услови на криза, се однесуваат како лихвари, а не како банки. Имаат година со намален обрт, а зголемени профити.
Слушаме дека не давале кредити за претпријатијата бидејќи сме немале добри проекти, што не е точно. Потребно е еднаш засекогаш да се стави крај на лихварството во Македонија, зашто на стопанството му требаат банки, а не лихвари“, порача претседатлот на ССК, Златко Калеников, на прес-конференцијата по работната средба на Работната група на ССК со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Тој посочи дека бизнис заедницата барала деловните банки да бидат задолжени за дистрибуирање на кредитната линија од ЕИБ, во вредност од 100 милиони евра, што било прифатено од Владата, а сега, како што нагласи, банките не ги пласираат средствата, со изговор дека фирмите немаат добри проекти.
Досега, како што рече, од нив се реализирани само 40 милони евра. Калеников побара да се корегира каматната стапка за кредитната линија од ЕИБ и да биде најмногу за 0,5 процентни поени повисока од каматата по која се земени парите, но да не биде повисока од референтната каматна стапка во земјата, која во моментов изнесува 4,5 отсто, а рокот на нивно враќање да биде од 5-10 години. Доколку е повисока каматната стапка да биде субвенционирана од државата.
Вицепремиерот Ставрески, како конструктивни ги оцени предлозите од ССК за кредитната линија и рече дека доколку ЕИБ ги прифати Владата ќе направи се за да се применат. „Целта на Владата е што поскоро 100-те милиони евра од ЕИБ да стигнат до крајните корисници. За нив се одборени уште 25 милони евра, а има ветувања дека ќе се доделат уште 100 милиони евра“, рече Ставрески.
Претседателот на ССК Калеников како добра можност за развој на македонскот стопанството го истакна понудениот кредит од ММФ во износ од 400 милиони евра. „Сугерираме Владата да ги искористи понудените 400 милиони евра од ММФ, бидејќи кредитот е меѓу најповолните што во моментот се понудени на пазарот во светот и затоа оваа шанса не смее да се пропушти.
Со тие средства државата ќе ги намали позајмиците во странство и дома, кои се со значително повисока камата, со што ќе се деблокираат средствата во банкарскиот сектор кои се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и тие ќе останат сободни за стопанството“, рече Калеников, нагласувајќи дека таквиот начин на покривање на буџетскиот дефицит треба да биде една од главните мерки за следната година.
Ставрески го дели мислењето за корисноста на понудените седства од ММФ. „Доколку се земат средствата од ММФ, ќе нема потреба да се емитуваат нови државни записи, што е голема работа за ликвиднста на македонската економија, бидејќи ќе нема повлекување средства од банките за државата и ќе останата за стопанството“, нагласи Ставрески.
Прозван и Гошев
Претседателот на ССК побара од гувернерот Петар Гошев да се произнесе дали постои спрега меѓу НБРМ, банкарскиот сектор и дел од големите фирми да не се даваат средства за развој на МСП, и доклку ја има, да ја искорени. „Постојат шпекулации дека има таква спрега. Затоа го повикувам гувернерот Гошев јавно да се произнесе дека нема спрега и да ги демантира шпекулациите во јавноста“, рече Калеников.
Во таа насока, како што исткна, ССК предлага благајничките записи на НБРМ да бидат на конкурентентски модел на база на каматна стапка, односно деловните банки да лицитираат при откупот по приоритет на најниска понудена камата, а аукцијата да биде ограничена количински. „Оваа мерка треба да биде меѓу главните на НБРМ за наредната година, и со тоа, еднаш засекогаш да се стави крај на блокирањето на средствата наменети за стопанството и да се воведе систем со кој ќе се стимулира ниска референтна камата“, рече Калеников.
За поврат на ДДВ и доспеани фактури - сто милијарди денари
Заклучно со вториот ден од месецов, државата ги има исплатено сите доспеани долгови по основ на фактури, а заклучно со 15 октомври е извршен поврат на сите средства по основ на поврат на ДДВ, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, по средбата со Сојузот на стопански комори на Македонија.
Претседателот на ССК, Златко Калеников, откако ги објасни сите проблеми во врска со исплаќањето на долговите од Владата кон малите и средни претпријатија, ја потврди изјавата на Ставрески, посочувајќи дека Сојузот направил анкета за интерна употреба врз голем број фирми, која покажала дека државата ги исплатила сите барања по основ на фактури и поврат на ДДВ.
Претседателот на ССМ изјави дека не ја исклучуваат можноста околу 20 проценти од барањата да не се исплатени, бидејќи завршиле во други министерства, но и тој, како и министерот, нагласи дека сите барања кои стигнале во Министерството за финансии се исплатени.
Одговарајќи на новинарско прашање, Ставрески нагласи дека заклучно со завчерашниот ден, државата намирила околу сто милијарди денари по основ на поврат на ДДВ и на доспеани фактури за фирмите во Македонија.
Бизнис24
___________________________________________________________________________________
Калеников им објави војна на Азески и на Гошев
Дали НБМ е во спрега со банките и со големите фирми и дали зградата на СКМ е само на Азески, праша вчера Калеников
Соња Маџовска
Златко Калеников им објави војна на Бранко Азески и на Петар Гошев.
Во стилот на борба меѓу јунаците во детските приказни, како што се Снежана и седумте џуџиња и приказната за Мечката и медот, вчера Калеников го повика гувернерот Петар Гошев да каже јавно дали Народна банка на Македонија со години е во спрега со големите банкари и компании, кои не даваат да паднат каматите, бидејќи до кредити можат да дојдат само одбрани бизнисмени што се и членови на управните одбори во банките. На претседателот на Стопанската комора, Азески, Калеников отворено му објави војна за тоа чиј е имотот на Комората.
Калеников не запре тука. Тој упати остри стрели до големите банки, ги обвини за лихварско работење. „Мора да се стави крај на лихварството, бидејќи голем дел од банките се однесуваат како лихвари, а нас ни требаат пари од банките. Во овој момент во Македонија постои спрега во која официјално или не се шпекулира дека е влезена и Народна банка на Македонија. Ние немаме веќе крв и не знаеме што да правиме ако тоа не се прекине. Го повикувам Гошев да покаже дека не е во спрега со банките и големите фирми што не даваат малите фирми да се развиваат. Сакајќи или не, тоа е факт во Македонија. Големите фирми се во управните одбори на банките. Тие се и онака привилегирани со процесите на приватизација“, обвини вчера Калеников.
А за тоа кои се тие големи фирми, кои не даваат да му тргне на стопанството, според Калеников сами ќе се препознаеле во волшебното огледало на лошата кралица од приказната за Снежана. „Кој ќе се види во волшебното огледало, отворете весници и Интернет и видете кој од големите фирми се членови на управните одбори на банките. Тоа е невидлива спрега настаната од самобендисаност. Апелирам, тргнете ги волшебните огледала. Ова не е трка за најдобар бизнисмен“, повика Калеников.
Тој продолжувајќи со приказните, го смести претседателот на СКМ Азески во онаа со Мечката и медот. Според него, не можело само СКМ да го наследи имотот на поранешната Стопанска комора, која беше укината во 1996 година. „Зградата на Стопанската комора е на сите нас, бидејќи нашите родители одвојувале средства за да се изгради. Не може правен наследник да биде само СКМ, а ССК да нема сала за одржување на состаноци. Зградата е на државата, а не на СКМ затоа ги повикувам министрите за правда и за економија да се преиспита сопственоста“, рече Калеников.
На овој повик веднаш одговори министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рече дека веќе во владина процедура е новиот закон за коморите, но за Калеников и тоа не е доволно, бидејќи и во него не било регулирано прашањето на сопственоста. Тој смета дека големите компании го спречуваат развојот на малите фирми. „Се разбуди мечката и сака на малите фирми да им го земе медот што го заработиле. Голем дел од банките заедно со големите фирми ги кочат стопанството и економијата. Има многу мали и добри фирми и не може некој постојано да го кочи нивниот развој“, смета Калеников.
Утрински

Се заоструваат односите. Банките го исцицаа народот.
Кредитите за микро и малите бизниси се со каматни стапки дури до 14-15% ако не и повеќе. Згора на тоа и тие тешко ги одобруваат. Па до кога банките ќе го кочат развојот на малите претпријатија?
Па чекајте малку бе луѓе, не сме ние Кина со 11% и кусур годишен раст па да бараат камати од 15 насто!?