- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
Обвинетите од „Змиско око“ неоправдано биле притворени и држени во притвор. Ова е пресудата на Европскиот суд за човекови права, со кој директно посочи дека македонското правосудство без основа во притвор ги држела 38 обвинети за мито на македонските патарини.
Македонија треба да плати 76 илјади евра само за судски трошоци. Во образложението на судот од Стразбур, стои дека македонските судови не одлучувале поединечно за секој обвинет, туку колективно им одредиле притвор.
Европскиот суд не расправал за суштината на предметот „Змиско око“, туку само се произнел за третманот на обвинетите.
„Во другиот дел судот смета дека доволна сатисфакција на странките треба да им биде самата констатација дека државата направила повреда на членот 5 став 3 од конвенцијата“, вели Ана Стојковиќ од Хелсиншки комитет.
Обвинетите од „Змиско око“ беа држени во истражниот затвор во Шутка речиси една година. Убедени во својата невиност, тие штрајкуваа со глад, а поради пренатрупаноста во затворот, спиеја во затворските ходници.
Случајот беше отворен во ноември 2007. кога беа уапсени деведесет и двајца раководители и инкасатори од речиси сите наплатни рампи. Но, кривична одговорност судот одлучи да бара само за седумдесетина.
Обвинителството не докажа организиран криминал во случајот, ниту пак проневера на пет милиони евра од државната каса, како што тврдеше МВР.
„Змиско око“ падна пред апелација. Обвинетите, правдата за неосновано држење во притвор ја побараа и ја добија во Стразбур.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=129430