Египјанецот Мојсеј

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Дали монотеистичките (аврамови) религии влечат корени од стариот Египет и од фараонот Аменофис IV (Акенатон - Светиот дух Атонов / Атон - сончевиот диск)?

Старите историчари Мането,Страбон,Тацит,Лисимах пишуваат за Мојсеј како египјанин.
Библијата (Излез) не негира дека Мојсеј (Мозес,египетско име) бил во Египет во некаква прикаска дека како бебе на робови бил посвоен од египетска принцеза.За бебе од некојси роб да стигне до фараонски престолонаследник во тоа време - делува малку натегнато...
Тука е и химната Атонова,многу слична со старозаветните писанија...
На кој јазик воопшто се запишани 10-те заповеди?

то е долга тема но има и те каква врска, евреите својата религиуја воглавном ја засновале во ропство кај други народи, значи вавилон и египет, вавилон каде беше персискиот дуализам, зло и добро и нивна борба меѓусебна, египет каде се запознале со монотеизмот, можеби го превзеле и обрежувањето, и од каде ги избвил загадочниот Мозе (кое не е еврејско име). Ра Мозе, Тут Мозе, Пта Мозе.... што значи син, син на ра син на птах, на Тут. Можеби по смрта на Акенатон, кога египет ги враќа старите богови и го брише него од пописот на цареви и секоја трага за него и кога ги прогонува сите следбеници на едниот бог, некој си египќанец од кого остана само она додавка син (мозе0 или пак бил син на некој познат толку да беше доволно да се каже само синот... значи има темели за едно такво веројатно сценарио. Али тоа прашање бара посебна тема да се диискутира, за влијанијата на другите религии во настанокот на јудаизмот.

Дали има основа за ова на пример

Си бил еден египетски фараон по име Аменофис IV и него едно време му се јавила генијална мисла како да ги контролира своите поданици и да го прошири влијанието надвор од Египет. И си ја измислил фараонот првата монотеистичка религија...И се прекрстил во Акенатон. Еден од врховните свештеници на таа нова религија бил некој тип по име Мозес. Армо ама на рајата и на старото свештенсто Амоново, оваа нова вера не им се видела како шо треба. И се собрале луѓе на чело со Генерал Хоремхеб и решиле да го соборат Фараонот. И го собориле, Акенатон избегал и го оставил својот трон на својот син Тутанкатон. Арно ама Хоремхеб немал доверба во синот на манијакот, сметал дека е многу на татка си и наредил да му ја разбијат главата со чекан. И биднало така. И наредил да се ликвидираат сите свештеници на новата вера и да се уништат сите нивни храмови и името Атон да се брише така да Тутанкатон е познат како Тутанкамон према врховното божанство на старата религија Амон-Ра. Хоремхеб седнал на тронот и се посветил на санирање на последиците од владеењето на Акенатон.
И се ќе било добро ако меѓу ретките кои ја избегнале осветата на Хоремхеб не бил врховниот свештеник Атонов - Мозес. Меѓу широките народни маси познат по евреизираното име Мојсеј. Тој го продолжил ширењето на новата религија на неговиот ментор во припадниците на јадните и бедни пустинско-номадски племиња подоцна познати под заенички именител - Јудејци.Заедно со Арон неговиот брат и сестрата Мирјам.
Останатото е како што велат, историја.
Мојсеј,Исус,Мухамед,разни други религии и секти кои се базираат на Аврам и Моше ја продолжуваат мисијата на својот основач Акенатон???
 
Како име Мојсеј (моше) не е еврејско по потекло. Оригинално тоа е МОСЕ, (С на крајот иди од грчкиот превод како што од Јехошуа стана Исус а од Месаја - Христ - Христос) Значи дефинитивно Египетско име или поточно дел од име кој означува СИН. на пример на сите познатиот фараон кај нас преведен како РАЗМЕС е у ствари Ра-Мосе (син на Ра) или (кој малце повеќе чита египетска историја) Тутмес е Тут-Мосе синот на Тут. Инаку на хебрејски тоа Моше нема некое логичко објаснување за настанојкот на личното име на Мојсеја.
Инаку и прикаската за малиот Мојсеј пуштен по реката (нил) во плетена кошничка... не е нешто оригинално и до тогаш невидено, имено 2800 години пред исус, оснивачот на вавилон, Саргон Агаедски бил по легендите, потајно родени пуштен по реката кад его наоѓа сиромашниот Акиј кој го вади од водата и го зема и одгледува како син, инаку варијации на таа тема има доста некогаш детето е оставено во планина, во пустина, некогаш е тој благородник оставен да го одгледат сиромашни некогаш е дете на сиромашни кого го одгледуваат богати и моќни а некогаш (како кај Едип) кралевска фамилија го остава за да го одгледа (најде) друга кралска фамилија. Значи легендата се врти околу судбина на младо дете, бебе, кое е во немилост, бива спасео за подоцна да го порази лошиот или му донесе спас на својот народ. Па дури и прикаската за исус и колежот на невините ја допира таа легенда каде со бегство (пак во Египет) се засолнува, па се враќа за да стане спасител....
Е сега м0нотеизмот на евреите и богот Јахве не настанаа (најверојатно) во египет, ако Мосе (Мојсеј) протеран, избеган Египќанец можеби со своја најблиска роднина или приатели, заедно со Евреи тргнал во изгнанство, по пат поминувајќи низ оазите на Мериват Кадиш и каде од локалните мадијанци го превзеле култот на богот на вулканот Јахве.
 
Мосе како избеган свештеник Атонов (за што има некоја основа) е тој кој ги поведува евреите низ пустината и им ја дава објавата божја (јахве) која ја добил на 40-от ден на планината Синај (заповедите) за после тоа да стане централна фигура старозаветна.
Врската се прекинува кај богот Јахве и богот на сонцето (Атон) кој е сличен како многу други богови на сонца и сончеви дискови пред него,со разлика што е прогласен за еден и вистински.
Принципот е ист,богот вулкански само го заменува она кое бил богот на сончевиот диск...
Можеби по смртта Мосева или по крајот на владеењето на неговиот клан?

Која е врската со дуги религии, митраизмот,зороастризмот и сумерската религија (тамуз,семирамида,нимрод кој го има и во библијата) ?
Или сепак поголема логика има Сумер да е почетокот а не Египет на монотеизмот?!

--- надополнето ---

некогаш е тој благородник оставен да го одгледат сиромашни некогаш е дете на сиромашни кого го одгледуваат богати и моќни а некогаш (како кај Едип) кралевска фамилија го остава за да го одгледа (најде) друга кралска фамилија.

Интересно,слична споредба има и кај Фројд кој пишувал за овие настани и за почетокот на религиите...околу Едип...
 
Ако не се лажам тие се базисот за светото тројство во христијанството,сумерски богови,анунаки.Енки му наредува на Зиусудра да изгради арка за да го зачува него и неговото семејство од поплавата која ќе јa создаде Енлил.
 
Всушност Мојсеј се поистоветува со Саргон Акадски. Основачот на првата Акадска држава во 2371 година. Значи многу многу векови пред Мојсеј. За Саргон се зборува дека исто како и Мојсеј бил фрлен во реката Еуфрат, а потоа бил најден и очуван од кралицата на градот Киш за да подоцна биде крал. Впрочем и многу концепти за кои се мислеше дека се оригинални од Стариот завет се всушност модифицирани верзии на сумерско-акадската религија. Законот на Мојсеј копи/пејст на Хамураби. Можам да редам уште “позајмени работи“ од Библијата.
 
Неколку работи кои јудаизмот ги превзел од Египетската реигија и од монотезмот на Акенатон

Обрежување
Верување во еден бог покрај кој нема други богови
Забрана на правење слики и идоли на тој бог
Минорно, речиси никакво објаснување за душите и задгробниот живот
Создавање преку реч божја, Атон се создал сам себе си изговоривши го своето име
 
И заповедите кои ги примил Мосе се многу слични на заповедите од египетската книга на мртвите.

A на кој јазик јахве му ги пратил заповедите на Мосе?
Во тоа време немало хебрејско писмо,а единствено писмо на кое Мосе можел да чита и пишува било египетското (хиероглифи)...
Зошто на избраниот народ јахве би ја открил својата објава на - хиероглифи!?

Бекството Акенатоново после државниот удар на Хоремхеб е кон - Синај (Езерото Тимаш).
Егзодусот !?

Дали се знае отприлика временски кога се случува егзодусот?
 
Баш сакам Чорбаџија да го видам на оваа тема зашто сум сигурен дека ќе има солидно објаснување. А исто можат и Муслиманите баш на оваа интересна тема да си го покажат нивното знаење.
 
Евреите велат дека егзодусот се десил во годдината 1312 ПНЕ. Тоа би било отприлике 22 години ПО смрта на Акенатен.
Значи во време кога беа прогонувани бришени и спалувани спомените на него и неговата вера.
 
А кој се тие и шо направиле?
Па они се првите антропоморфни божества во кои верувале Сумерите.Пред тоа човекот верувал во добри и лоши духови,Анимизам така нешто.Како што кажа Смекси Бит,Енки му наредува на Зиусудра/Ное/Утнапиштим да изгради Арка за да се спаси од Потопот,Во Генезата Енки и нуди јаболко на Ева при што Енлил ги протерува од Еден итн.Сумерската митологија е прва религија,грчките,римските,египетските божества се нивни еквиваленти.Енки во Египет бил Птах,во Рим Нептун,во Грција Посејдон.Енлил е исто што и Зевс и Јупитер..Аврам дошол од Сумер во Хананската земја и го донел со себе сумерскиот паганизам,го корегирал малце и ете ти Јудаизам.Многу прикаски од сумерската митологија се слични со Јудаизмот.
 
Евреите велат дека егзодусот се десил во годдината 1312 ПНЕ. Тоа би било отприлике 22 години ПО смрта на Акенатен.
Значи во време кога беа прогонувани бришени и спалувани спомените на него и неговата вера.

Што значи дека временски е возможно егзодусот и прогонот на поклониците Атонови да се преклопуваат.
Заедно со немањето хебрејско писмо што наведува користење на египетско писмо.

Па они се првите антропоморфни божества во кои верувале Сумерите.Пред тоа човекот верувал во добри и лоши духови,Анимизам така нешто.Како што кажа Смекси Бит,Енки му наредува на Зиусудра/Ное/Утнапиштим да изгради Арка за да се спаси од Потопот,Во Генезата Енки и нуди јаболко на Ева при што Енлил ги протерува од Еден итн.Сумерската митологија е прва религија,грчките,римските,египетските божества се нивни еквиваленти.Енки во Египет бил Птах,во Рим Нептун,во Грција Посејдон.Енлил е исто што и Зевс и Јупитер..Аврам дошол од Сумер во Хананската земја и го донел со себе сумерскиот паганизам,го корегирал малце и ете ти Јудаизам.Многу прикаски од сумерската митологија се слични со Јудаизмот.

А каква е поврзаноста на Мојсеј со ова?
Од друга страна има јасна поврзаност со култот на сончевиот диск и Акенатон.
 
А каква е поврзаноста на Мојсеј со ова?
Од друга страна има јасна поврзаност со култот на сончевиот диск и Акенатон.

Животната приказна на Мојсеј наликува на онаа на Саргон Акадиецот...посебно делот дека е најденче.
 
А каква е поврзаноста на Мојсеј со ова?
Или сепак поголема логика има Сумер да е почетокот а не Египет на монотеизмот?!
Да ти ја разбијам дилемата. ;)

Абе долу на Блиски Исток,пред неколку илјади год. секој од секого крадел историја,култура ова она.Како сега на Балкан што се дешава.Испаѓа дека Јудаизмот е мешавина од месопотамиски,египетски и од локалните племиња митови и легенди.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom