Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Се мислев каде да ја отворам темава али се решив тука. И така е општ муабетот - што со тепачките во автобуси, решение и колку вие сте биле сведоци или пак директни учесници во нив? Или пак кој е за тоа прием во воена академија е да се возиш цел ден во 2ка и да поминеш без ниту една тепачка. Настанот кој ме инспирираше следува подоле во емисијата.
ЈСП има сериозен проблем со тепачките на учениците во автобуси
Се претресуваа автобусите на ЈСП во скопска Автокоманда. Полицијата бараше било какво орудие кое може да се искорити како ладно оружје во тепачките кај средношколците од ЕМУЦ Михајло Пупин и АСУЦ Боро Петрушевски.
Тепачките во автобусите се проблем за ЈСП бидејки се демолираат возилата, а возачите ги преземаат сите мерки за да се избегнат било какви физички напади меѓу децата. За нив безбедноста на патниците е на прво место.
Сторителите на вчерашната тепачка се уште не се пронајдени. Во вчерашната акција на полицијата, Алфите фатија тројца средношколци кај кои пронашле нож, боксирач и метална шипка.
Во изминативе години чести беа тепачките меѓу средношколци Албанци и Македонци на дестинацијата во Автокоманда. Од полицијата најавија дека ќе бидат уште поекспедитивни кога станува збор за масовни тепачки меѓу учениците и секој кој ја загрозува безбедноста да биде санциониран.
Поток - Сител телевизија